> Zlatko Cegar – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Mon, 05 Sep 2022 14:13:01 +0000 en-US hourly 1 Конкурс за доделување на годишната награда на Општина Центар – „Феникс“ за 2022 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%ba-%d0%be-%d0%bd-%d0%ba-%d1%83-%d1%80-%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%88%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd/ Mon, 05 Sep 2022 11:01:51 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=15645
  • Годишната награда на Општината Центар – „Феникс” се доделува на физички и правни лица од Општина Центар-Скопје и од Република Северна Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.
    1. Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.
    1. 3. Наградата за поединци  и група  творци се состои од диплома и паричен износ.

    Наградата за правни лица се состои од диплома и плакета.

    Наградата за ученици и студенти се состои од диплома и паричен износ.

    1. 4. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
    1. 5. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија.

    Сите предлагачи (поединечно или групно) треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.

    1. 6. Конкурсот трае започнувајќи од ден 5.9.2022 година и трае заклучно до ден 19.9.2022 година, а предлозите за кандидати се доставуваат до Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар-Феникс, ул. „Михаил Цоков” бр. 1 или во архивата на Општина Центар-Скопје, во барака 6.

    КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА

     ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-ФЕНИКС

     

    КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-„ФЕНИКС“

    ]]>
    Топло добредојде за првачињата во Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%bb%d0%be-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%be%d1%98%d0%b4%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%b8%d1%9a%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%86%d0%b5%d0%bd/ Thu, 01 Oct 2020 10:18:56 +0000 http://www.centar.gov.mk/?p=10568 Драги ученици, наставници и родители
    Денес училишното ѕвоно е најгласната и најубавата музика за сите нас.


    Училницата – најубавиот храм.


    А училиштата, највеселите згради, полни со џагор и смеа.
    Затоа со особена чувствителност и емпатија, кон сите просветни работници и родители, би сакал на учениците да им посакам среќен почеток и безбедни училишни денови.


    Драги ученици,
    И јас, како вас, се радувам на почетокот на оваа учебна година, а во исто време сум тажен што не можам да дојдам во училиштата и да ви посакам среќен почеток.


    Во оваа учебна година најважно е да ги почитуваме препораките на здравствените работници, да ги слушаме наставничките и да се грижиме за хигиената и здравјето.


    Општина Центар, заедно со своите пријатели, прави сè за да ви ја олесни оваа учебна година и да се чувствувате безбедни и сигурни во текот на наставата.


    Мора да бидеме силни и трпеливи, послушни и внимателни и во јуни заедно, без маски, да ги славиме успехот и петките.

    Драги мои другарчиња,

    Бидете здрави, ведри и насмеани.

    Среќен и лесен почеток на учебната 2020/2021 година, Ви посакуваме јас, моите колеги од Општина Центар и нашите пријатели од Alvogen ORS и Effectiva

    ]]>
    Успешната соработка на Општина Центар со Градот Скопје е само показател дека заеднички преземаме активности и иницијативи за урбано и модерно живеење во Центар и Скопје. https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%88%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0/ Wed, 30 Sep 2020 10:35:00 +0000 http://www.centar.gov.mk/?p=10591

    Реконструкцијата на улицата „11 Октомври” е новата приказна која ќе ја надополни и збогати сликата за Скопје и централното градско подрачје.

    Стратешки решенија за подобрување на велосипедската мрежа во Центар и стеснување на коловозните ленти, ново булеварско зеленило кое ќе го оплемени централниот дел, се само дел од нашите заеднички активности, не само за центарци, туку и за сите граѓани.

    Неодамна со градоначалникот Петре Шилегов започнавме со реконструкција на неколку улици, кои ќе овозможат сообраќајно поврзување на неколку општини на територијата на Скопје, како и проекти за редизајнирање на јавни површини во нови функционални простори.


    Благодарност до Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов за креативните решенија и поддршката за Центар.

    ]]>
    52. седница на Советот на Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/52-%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80/ Wed, 30 Sep 2020 10:28:00 +0000 http://www.centar.gov.mk/?p=10585 На денешната 52. седница на Советот на Општина Центар, со предложените 11 точки од дневниот ред, советниците расправаа и ги изгласаа:


    Измените и дополнувањата на програмите за 2020 година и

    Предлог-решенијата за именување членови во Управниот одбор во трите градинки, предложени од Министерството за труд и социјална политика.

    ]]>
    Квалитетното и безбедно образование на нашите деца останува приоритет во нашата работа. https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b8-%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be-%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%b5/ Wed, 30 Sep 2020 10:19:00 +0000 http://www.centar.gov.mk/?p=10580 Од видеото може да погледнете како изгледаше дезинфекцијата на сите површини во општинските основни училишта, со што овозможивме учебната година да започне во согласност со препораките од надлежните институции.

    ]]>
    Повик за понуди 2020 https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bd%d1%83%d0%b4%d0%b8-2020/ Thu, 04 Jun 2020 07:32:02 +0000 http://www.centar.gov.mk/?p=10123 Република Северна Македонија

    Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)

    MSIP-SH-MUN-CENT-05-20

    1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

    Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој за Проектот за подобрување на општински услугите и има намера дел од добиените средства од овој Кредит да ги искористи за исплата по договор за плаќања по договор за: Набавка на мебел за ЈУДГОЦ „Корчагин – објект Пепелашка.

    Општина Центар ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за Набавка на мебел за ЈУДГОЦ „Корчагин – објект Пепелашка да ги достават своите запечатени понуди.

    2. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за купување како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD заеми и IDA кредити од јануари 2011 година метод купување, и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.

    3. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.

    Општина Центар

    Адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1

    До: Георгиј Чурилов e-mail: georgij.curilov@centar.gov.mk

    Тел: ++ 38923 203 681

    4. Заинтересираните Понудувачи бесплатно ќе ја добијат комплетната тендерска документација по поднесувањето на писмена апликација на горенаведената адреса.

    5. Понудите мора да се достават на горенаведената адреса до 12:00, пладне на 18/06/2020. Електронско доставување на понуди не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.

    ]]>
    Традиционален крос на учениците од Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d1%80%d0%be%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d1%86%d0%b5/ Thu, 18 Apr 2019 11:41:50 +0000 http://www.centar.gov.mk/?p=7906 Општина Центар во континуитет поддржува спортски активности и натпревари во кои се вклучени децата, затоа што веруваме дека спортот е особено важен за психо-физичкиот раст и развој на децата.

    Денес го реализиравме традиционалниот атлетски крос на кој учествуваат ученици од седумте основни училишта од #НашЦентар, а за чија организација ни помогна Атлетскиот полициски клуб „7 мај“. Им честитаме на сите ученици кои први стигнаа на целта и на сите останати кои учествуваа во кросот. 🏆

    Голема благодарност за поддршката на Фор ју – Гевгелија и Ефектива – Скопје.

    ]]>
    Нови јакни, кабаници за дожд и носачи за бебиња од градоначалникот Богдановиќ за жителите од социјално загрозените семејства https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d0%ba%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b6%d0%b4-%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d0%b7%d0%b0/ https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d0%ba%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b6%d0%b4-%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d0%b7%d0%b0/#respond Fri, 11 Jan 2019 10:34:48 +0000 http://centar.gov.mk/?p=6121 Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со вработените во општинската администрација, вчера и денес подели зимски јакни, кабаници (наметки за дожд) и носачи за бебиња на жители на Центар на кои овие работи им се најпотребни.

    По претходно утврдени критериуми, градоначалникот Богдановиќ подели нови 230 зимски јакни и 70 носачи за бебиња, донација од УСАИД, на семејства со висок социјален ризик, кои ќе ги затоплат во овие студени зимски денови. Исто така, лицата од службите кои ја одржуваат хигиената и ги расчистуваат улиците од снежните наноси во општината, добија 100 нови кабаници (наметки за дожд) за полесно справување со врнежите на дожд и снег.

    Во рамки на општината веќе функционира проектот Нула Глад со невладината организација Банка за Храна – Македонија, но и двата адаптирани простори во соработка со јавното претпријатие “ПОЦ“ во катната гаража “Судска Палата“, каде се згрижуваат бездомници, со што општината секојдневно придонесува за нашите сограѓани полесно да ја поминат зимата, особено оние од семејствата со висок социјален ризик.

    ]]>
    https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d0%ba%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b6%d0%b4-%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d0%b7%d0%b0/feed/ 0
    Богдановиќ: По одлуката на Врховен Суд на РМ, Општина Центар во буџетот ќе врати 94 милиони денари https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%9c-%d0%bf%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d1%80%d1%85%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d1%83%d0%b4/ https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%9c-%d0%bf%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d1%80%d1%85%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d1%83%d0%b4/#respond Wed, 09 Jan 2019 10:47:12 +0000 http://centar.gov.mk/?p=6131 Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска на прес конференција на јавноста соопшти дека општината ќе си врати назад над 94 милиони денари од фирмата “Пелагонија“ од Гостивар.

    Поради суштествени повреди на постапката и погрешна примена на материјалното право, по поднесената жалба од Општина Центар на пресудата на Апелациониот Суд од 11.5.2018-та година, Врховниот Суд одлучи постапката помеѓу општината и претпријатието “Пелагонија“, која беше отворена поради стопирање на изградбата на катната гаража кај НИП Нова Македонија, да биде вратена на почеток.

    “Со оваа одлука, конечно општината доби правна разрешница на овој предмет, кој минатата година доведе до блокирање на сметката на општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД ‘Пелагонија’ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат пресраспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

    Поради нејасни, побивани пресуди и недоволно образложени причини за решителни факти, а согласно членот 343 став 2 точка 14 од Законот за парнична постапка, Врховниот Суд на РМ утврди дека АД “Пелагонија“ во предметот поврзан со изградба на катна гаража кај зградата на Нова Македонија, на Општина Центар треба да ѝ ја исплати целосната сума за која беше оштетена општината, во висина од 94.482.306, 00 денари.

    ]]>
    https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%9c-%d0%bf%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d1%80%d1%85%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d1%83%d0%b4/feed/ 0
    Одржана 22-та седница на Советот на Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%bd%d0%b0-22-%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82/ https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%bd%d0%b0-22-%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82/#respond Wed, 26 Dec 2018 10:32:14 +0000 http://centar.gov.mk/?p=6117 Советот на Општина Центар, вчера (25.12.2018), ја одржа 22-рата седница. На дневен ред на седницата најголем дел од точките беа предлог-програмите за работа на секторите и одделенијата во општината за наредната година.

    Покрај усвојувањето на програмите за работа на општината, советниците изгласаа и одлука за прифаќање донација на зимски јакни, кабаници и носачи за бебиња од УСАИД, кои ќе бидат поделени на бездомните лица и социјално загрозените семејства.

    Советот на Општина Центар го усвои и буџетот, како и одлуката за извршување на буџетот за 2019-та година. По претходно потпишаниот меморандум за поддршка, на седницата советниците одлучија објектот на поранешниот ресторан “Кај Злате“, кој се наоѓа во населбата Пролет, а е во сопственост на Општина Центар, да го дадат на користење на Црвениот Крст на Град Скопје. Со ова, општината и Црвениот крст покренуваат заедничка акција за ангажирање и помош на лицата со посебни потреби, со што ќе се овозможи полесен пристап до услугите и придобивките од работата на организацијата на територија на општината.

    Советот покрај ова, ги изгласа и годишниот план за вработување, како и програмата за работа на јавното претпријатие “Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ).

    Советниците одлучија да ја прекинат седницата на 20-тата точка, а продолжението е закажано за в четврток, со почеток од 14:00 часот.

    ]]>
    https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%bd%d0%b0-22-%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82/feed/ 0