> Буџетски форум – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Wed, 18 Dec 2024 09:04:06 +0000 en-US hourly 1 Ве покануваме на завршниот буџетски форум за 2025 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b2%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d1%80%d1%88%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%84/ Sun, 15 Dec 2024 08:56:54 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23475 Заедно одлучуваме за приоритетите на Центар.

Почитувани центарци, ве поканувам на завршниот буџетски форум за 2025 година, кој ќе се одржи на 17 декември во 19:00 часот, во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци.“

Сите заедно да се вклучиме и да создадеме буџет што ќе ги одразува реалните потреби на нашите граѓани. Вашите иницијативи и предлози се добредојдени и ќе имаат клучна улога во креирањето на иднината на Центар.

Само со активно учество можеме да обезбедиме транспарентност и отчетност во донесувањето на одлуките.

]]>
Герасимовски: Повикувам на зголемено учество на граѓаните во креирање на општинскиот Буџет за 2025 https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%be/ Thu, 07 Nov 2024 12:38:29 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23097 Општина Центар на располагање става електронски Анкетен прашалник преку кој ги вклучува граѓаните во креирање на Буџетот за 2025 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повикува граѓаните да даваат предлози за потребите во нивните маала.

„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2025 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“, појаснува Герасимовски.

Електронскиот анкетен прашалник на граѓаните им дава можност да предлагаат проекти од областа на образованието, социјална, детска и здравствена заштита, културата, спортот и рекреацијата, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, јавни работи и реконструкција и санација на училиштата.

Тоа значи дека Општина Центар овозможува директно учество во подготовка на програмите за работа на буџетот за следната 2025 година.

Анкетниот прашалник е поставен на веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?page_id=22981 и преку него граѓаните може да наведат проекти кои сметаат дека ќе донесат бенефит за жителите.

Општина Центар продолжува да ги повикува сите граѓани подеднакво да учествуваат во креирањето на локалните политики.

 

]]>
Заедно со граѓаните го креираме буџетот за 2025 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be-%d1%81%d0%be-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%be-%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82/ Mon, 21 Oct 2024 06:31:36 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22816 Ги слушаме граѓанските предлози и заедно го креираме на буџетот за 2025 година. Вчера вечер помина првата сесија на Буџетскиот форум и граѓаните предложија:

• Реконструкција на улицата „50 Дивизија”,
• Целосна реконструкција на паркингот кај Дом на градежници,
• Реновирање на патеката од ул. „Даме Груев“ до Палома Бјанка,
• Обезбедување безбедни коридори до училиштата и градинките,
• Воведување униформи за учениците,
• Хуманитарни паркинзи, каде средствата од паркирањето ќе бидат наменети за хумани цели,
• Посилен надзор врз детските игралишта, мерачи за бучавата, воведување комунална полиција.

На средбата градоначалникот Горан Герасимовски потсети на досега сработеното, но и за она што е на повидок, а тоа е реконструкција на салата Работнички и на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“ како и новата општинска зграда и нови 300 паркинг места на парцелата!

Вашите идеи се важни!

Ве повикуваме да продолжите да учествувате во оваа дискусија и да го обликувате буџетот за 2025 година заедно со нас. Заедно можеме да изградиме подобра иднина.

]]>
Градоначалникот Герасимовски ги повикува граѓаните на буџетски форум за 2025 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b2/ Fri, 18 Oct 2024 10:30:31 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22806 Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на буџетскиот форум за 2025 година, кој ќе се одржи во понеделник, 21 октомври 2024 година, во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ со почеток во 19 часот. Овој форум претставува можност  граѓаните директно да влијаат врз креирањето на општинскиот буџет, предлагajќи проекти и идеи кои се приоритетни за нив.

„Транспарентноста и отчетноста се клучни принципи на нашето работење. Секој предлог на нашите жители има вредност, а учеството на форумот ќе ни овозможи заеднички да донесеме решенија што ќе ги задоволат реалните потреби на општината. Ова е шанса граѓаните да го креираат својот начин на живеење во Центар“, изјави Герасимовски.

На форумот општинските сектори ќе ги презентираат и капиталните проекти кои се планирани за следната година, но и резултатите од проектите реализирани во изминатите три години. Преку овие дискиусии ќе се овозможи на граѓаните да имаат увид во напредокот и да дадат свои предлози за понатамошни подобрувања. Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки, со цел да се обезбедат проекти што директно ќе ги подобрат условите за живот во населбите.

„Очекуваме конструктивни предлози и идеи, бидејќи сите заедно сме одговорни за квалитетот на животот во нашата општина“, додава Герасимовски.

]]>
Герасимовски на буџетски форум: Со 25 милиони денари ќе се уредува Капиштец, ги следиме барањата на граѓаните https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%84%d0%be%d1%80%d1%83%d0%bc-%d1%81%d0%be-25-%d0%bc%d0%b8/ Tue, 19 Dec 2023 09:51:56 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=19299 Со низа предлози, сугестии и конструктивна дискусија на граѓаните и општинската администрација, заврши последната сесија на буџетскиот форум за креирање на Буџетот на Општина Центар за наредната година.

На завршниот буџетски форум за 2024, граѓаните побараа решение за затворање на улица „Боемска“ и урбанизирање на делот зад Градежниот и Архитектонскиот факултет, за да се добие побезбеден пристап на децата до основното училиште „Коле Неделковски“. Градоначалникот Герасимовски посочи дека интензивно се работи за надминување на овој проблем и најави уривање на бараката зад факултетот како дел од новото сообраќајно решение.

,,Остваривме средби со деканите на Градежниот и на Архитектонскиот факултет, како и со ректорката на УКИМ за да изнајдеме решение. Се согласивме дека треба да се искористи просторот зад факултетот, да се отстрани бараката и да се направи свртница која ќе биде функционална” рече Герасимовски.

Локалната самоуправа го поддржа и предлогот на граѓаните од претходната буџетска сесија одржана во месец ноември за хортикултурно и партерно уредување на населбата Капиштец, за што веќе се обезбедени 25 милиони денари.

,,Овој проект на потегот од паркингот Зебра до паркот Капиштец ќе ја разубави населбата со ново зеленило, осветлување и со ново партерно уредување. Општина Центар и Капиштец го заслужуваат тоа” истакна Герасимовски.

На финалната буџетска сесија имаше предлози и од областа на образованието, како што се: дигитализација на училиштата, отворање научно-компјутерски центар, промоција и наградување на училишниот спорт, а се расправаше и за горливите проблеми, како што се паркирањето, бучавата од клубовите, узурпирањето на јавниот простор од страна на дуќаните и кафулињата.

Преку  редовните буџетски форуми, Општина Центар транспарентно и отчетно ги дефинира приоритетите и проектите за поквалитетен живот на граѓаните.

]]>
Герасимовски: Ја ставаме во функција алатката „Мој буџет“ https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d1%84%d1%83%d0%bd%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b0/ Fri, 15 Dec 2023 12:12:49 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=19281 Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“ на веб страната на општината преку која граѓаните ќе можат да направат преглед на приходите и расходите во Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 година и партиципативно да учествуваат во креирање на буџетот за наредната година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појаснува дека покрај Буџетските форуми на кои граѓаните предлагаат проекти, општината ја става во функција и оваа алатка со цел да се види мислењето на граѓаните за издвоените средства за одделните ставки како заштита на животна средина, образование, социјална заштита и др.

„За да ја користат алатката „Мој Буџет“ граѓаните можат да одберат некоја од понудените ставки и со едноставно скролање да го изменат буџетот според сопствено видување, а потоа од десната страна со скролање надоле неопходно е да се регистрираат со цел да ги поднесат измените. Секоја измена на буџетските средства може да се движат исклучиво во рамките на Нацрт-буџетот и истиот мора да е балансиран пред да се предаде како предлог. Сметам дека преку оваа алатка граѓаните ќе ја споделат со нас нивната визија за општинските приоритети “, смета Герасимовски.

Алатката „Мој буџет“ граѓаните можат да ја најдат на сајтот на Општина Центар или преку следниот линк https://mojbudzet.centar.gov.mk/mojbudzet/. Со цел отчетност и транспарентност Општина Центар ги вклучува граѓаните во креирањето на буџетот на неколку начини меѓу кој и ставањето во функција на ова алатка. Во понеделник на 18.12.2023 година Општината ги кани сите граѓани да дојдат на Втората сесија од Буџетските форуми за буџетот во 2024 година во ООУ „Киро Глигоров“ од 18 часот. Целта е да се продискутира за предлози и проектите кои ќе го унапредат животот во Центар.

 

]]>
Герасимовски: Креирањето на Буџетот со граѓаните носи подобри проекти и унапредување на животот во Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%84%d0%be%d1%80%d1%83%d0%bc-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8/ Wed, 13 Dec 2023 14:00:10 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=19249

Општина Центар во понеделник на 18 декември ја закажа втората сесија на Буџетските форуми на кои ќе бидат вклучени и граѓаните. Средбата ќе се одржи во ООУ „Киро Глигоров“ и на истата ќе биде претставен и разгледан нацрт буџетот на 2024 година и ќе бидат дискутирани проектите кои граѓаните ги предложија на првата средба на Буџетските форуми. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека Општина Центар го цени мислењето на граѓаните и затоа ги вклучува граѓаните во секоја реализација на креирањето политики во локалната самоуправа.

„Вклучувањето на граѓаните во креирањето на Буџетот е од исклучително значење за развојот и унапредување на животот во Центар. Ние ќе се фокусираме на нивните барања според приоритети во рамки на можностите на буџетот. Затоа ги поздравувам проектите кои ги предложија и истите ќе ги разгледаме со цел истите според нивната важност да ги вметнеме во Буџетот за следната година. На втората и завршна сесија исто така сме отворени за нови предлози за конечно прецизирање на Буџетот“, вели градоначалникот Герасимовски.

На буџетските форуми покрај градоначалникот Герасимовски и граѓаните на Центар свое учество ќе земат и раководителите на сите сектори на општинската администрација кои ќе одговараат на прашањата на граѓаните по однос проектите кои се предлагаат и советници во Советот на општината. Одржувањето на граѓанските форуми Општина Центар го прави со цел заеднички да ги креира програмите и проектите кои ќе го направат поквалитетен животот за сите граѓани кои живеат во општината.

]]>
Герасимовски на буџетскиот форум: Редовната комуникација со граѓаните не позиционира на врвот по транспарентност меѓу општините https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%84%d0%be%d1%80%d1%83%d0%bc-%d1%80%d0%b5%d0%b4/ Thu, 09 Nov 2023 10:13:17 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=19071 Општина Центар  вчера ја одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот за 2024 година,  на која учество зедоа градоначалникот Горан Герасимовски, раководителите на сите сектори на општинската администрација, советници во Советот на општината, претставници на невладини организации, како и граѓаните на Центар. Преку овие форуми општината ги вклучува граѓаните во креирањето и реализацијата на програмите и стратешките планови. На првата сесија, градоначалникот Герасимовски направи пресек на сработеното во изминативе две години и ги повика жителите на Центар со свои предлози да придонесат за креирање на поквалитетен и подобар живот во општината.

„Изминативе две години се фокусиравме на реалните потреби на жителите на Центар. Се насочивме кон современо и инклузивно образование, нови паркинг места,  енергетска ефикасност, чиста животна средина, квалитетна инфраструктура, развој на културата и спортот. Принцип на нашата работа е да имаме редовна комуникација со граѓаните и затоа сме на врвот мегу локалните самоуправи по транспарентност и квалитетно работење”, порача Герасимовски на форумот.

Градоначалникот ги посочи и проритетите за наредната година, меѓу кои целосна реализација на градинката „Пролет“ чија изградба е во тек, изградба на монтажна гаража во Капиштец, реконструкција на уште 14 улици.

Граѓаните, кои учествуваа активно во сесијата, побараа зелени градини и интерактивни паркови за секое училиште, пристапна рампа во училиштето ,,Димитар Миладинов# за деца со  посебни потреби, дигитализација во градинките. Предложија  изготвување онлајн туристички водич, поставување ,,лежечки полицајци’’ на фреквентните улици, уредување на просторот кај Зелено пазарче до поранешен Коктел бар, замена на плочникот и поставување изолација за да се заштитат подземните гаражи, а побараа и уредување на паркот во Капиштец, на потегот од Зебра кон Беверли Хилс , како и да се постави зелен кров на градинката Кочо Рацин. Финалната буџетска сесија со граѓаните ќе се одржи на почетокот на декември.

]]>
Герасимовски: Ги покануваме граѓаните на буџетски форуми за заедно да го унапредиме животот во Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82/ Mon, 06 Nov 2023 10:28:50 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=19032 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинската администрација ги покануваат граѓаните на расправа за буџетските форуми за 2024 година која ќе се одржи во среда на 8 ноември во ОOУ „Ј.Х. Песталоци“ од 18ч. Овие форуми овозможуваат граѓанско партиципативно учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови.

„Ги поканувамe граѓаните да земат учество на граѓанските форуми со цел заеднички да ги креираме програмите и проектите со што ќе придонесеме за поквалитетен живот за сите нас. За нас е особено важен нивниот придонес како и нивните потреби. Затоа е важно да продускутираме добиеме предлози, да ги слушнеме секторите и дел од овие предлози ги преточиме во проекти и ги планираме во буџетот за следната година“, вели Герасимовски.

На овие буџетски форуми градоначалникот Герасимовски ќе ги претстави капиталните проекти за следната година и проектите на кои општинската администрација работеше во изминатите две години. Општина Центар продолжува да гради блиски и лични средби со граѓаните со цел граѓаните да добијат проекти, кои ќе им го подобрат животот во населбите во коишто живеат.

]]>