> ГИС портал – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Mon, 05 May 2025 12:03:11 +0000 en-US hourly 1 Герасимовски: Центар го поедностави уписот за првачиња, постапката по електронски пат https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d1%83/ Fri, 02 May 2025 11:51:42 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=25116 Општина Центар ги информира родителите на идните првачиња дека постапката за упис во прво одделение е поедноставена и целосно дигитализирана. Преку веб-страницата на Општината, секој родител може брзо и лесно да провери во кое основно училиште припаѓа неговото дете и веднаш да поднесе апликација за запишување.

Со пристап до делот „Урбанизам“ и избор на ГИС порталот, потребно е корисникот да се регистрира, а потоа преку категоријата „Реонизација на училишта“ да ја внесе својата точна адреса. Системот автоматски ја прикажува информацијата за надлежното училиште и нуди линк до електронската пријава за упис. Во случај адресата да не биде автоматски пронајдена, постои можност да се постави точка на мапата и со клик на опцијата „Побарај по локација“ да се добијат истите информации.

„Запишувањето во прво одделение никогаш не било полесно. За само неколку минути, родителите можат да проверат кое е нивното училиште и да ја поднесат електронската апликација. Нашата цел е родителите да се чувствуваат сигурно и поддржано, а децата да го започнат своето образование со позитивно искуство уште од првиот чекор. Продолжуваме да инвестираме во дигитализација, транспарентност и модерни услуги кои навистина го олеснуваат животот“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Со оваа дигитална алатка, Општина Центар го олеснува процесот на запишување во прво одделение, овозможувајќи родителите со неколку клика да го започнат еден од најважните чекори во образованието на нивните деца.

 

]]>
Со клик до извод од ДУП, регистрирајте се на ГИС порталот на Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%81%d0%be-%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%ba-%d0%b4%d0%be-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%be%d0%b4-%d0%be%d0%b4-%d0%b4%d1%83%d0%bf-%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%98%d1%82%d0%b5-%d1%81/ Tue, 12 Mar 2024 10:34:16 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=20278 Услугата вадење на извод од ДУП е достапна за сите регистрирани корисници на ГИС порталот на општина Центар односно на (географскиот информациски систем). Со регистрација на  https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map, или преку страната  на Општина Центар https://www.centar.gov.mk активна е опцијата  за електронско поднесување барање за извод од ДУП, со што се олеснува и забрзува процедурата, без беспотребно чекање по шалтери.

Регистрираниот корисник треба да го внесе бројот на катастарската парцела во алатката Нарачај извод и да ги внесе потребните податоци.

Изводот се плаќа електронски и во рок од 5 дена истиот се добива по електронски пат, односно ќе пристигне на е-маил адресата на барателот.

Општина Центар потсетува дека со регистрација во ГИС-от корисниците добиваат и пристап до сите важечки детални урбанистички планови и пребарување на градежните и катастарските парцели, за полесно лоцирање на потребниот простор.

Воедно, на корисниците им се овозможува подетален преглед на ДУП-овите, со важни информации како што се: намена на градежните парцели, површината за градење, катноста, процент на изграденост, изработувач на планот, година на донесување.

Со регистрирање на  ГИС порталот на Општина Центар, на граѓаните им се дава можност да се вклучат со свои идеи и барања во процесот на урбанистичкото планирање. Со избирање на точката од интерес, регистрираните корисници навремено ќе бидат информирани за организирање јавна анкета и јавна презентација на конкретниот ДУП за кој се заинтересирани.

За полесно менаџирање со основните училишта и градинки, кои се под надлежност на општината, ГИС-от е надграден со модул образование и реонизација, кој  ги содржи основните податоци за истите.

Општина Центар е првата општина која го воведе ГИС системот и од тогаш континуирано работи за надградба и усовршување на ГИС технологијата, се со цел поголема транспарентност пред граѓаните, побрз пристап до информации, подобро управување со истите и поголема ефикасност во оперативното работење на секторите.

]]>