> Деманти – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Mon, 30 Oct 2023 09:56:46 +0000 en-US hourly 1 Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be-%d0%b4%d0%bf%d0%bc%d0%bd%d0%b5/ Mon, 30 Oct 2023 09:56:46 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=18952 ВМРО-ДПМНЕ е последна која било што треба да кажува на тема урбанизација во Центар. Она што денес е општината на урбанистички план е последица на нивното дивеење, криминал и алчност, а граѓаните добро паметат кој и како работел за општината. Општина Центар и актуелното раководство се пример за транспарентно работење особено во делот за урбанизмот. Ниту педа државно земјиште не е отуѓена ни злоупотребена како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ и се гради по пропис и по закон. Сите нови ДУП-ови кои се донесени се скроени исклучиво по интерес на граѓаните, со зголемени зелени површини и намалени габарити на зградите, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го правеше целосно обратно. Општината денес е вистински сервис на граѓаните и нивните потреби, работејќи транспарентно, согласно законите.

Градоначалникот Герасимовски во својот мандат има иницијативи за справување со урбнистичкиот хаос наследен од ВМРО-ДПМНЕ, како иницијативата со која наместо 30% од сопственост за дооформување на земјиште ќе бидат потребни 70% сопственост и иницијативата за конфискација на дивоградбите.

Вакви политики во времето на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало. Напротив ВМРО-ДПМНЕ е партија која си носеше ДУП-ови од ракав, онакви какви што само нив им одговараше па и покрај протестите на граѓаните истите си ги донесуваа на сила. За ВМРО-ДПМНЕ општината секогаш била и ќе биде сервис на партијата и тло за богатење на алчните партиски челници. Центарци нема да подлегнат на овие манипулации од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи добро се сеќаваат кој им носеше гласачи од Пустец само за да се приграбат до некоја зграда повеќе за свои потреби.

]]>