> Инспекција – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Fri, 21 Feb 2025 07:15:05 +0000 en-US hourly 1 Герасимовки: Центар ја интензивира акцијата за отстранување хаварисани возила, потпишан договор со колективен постапувач https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d0%ba%d0%b8-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d1%98%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b7%d0%b8%d0%b2%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%b0%d0%ba/ Fri, 21 Feb 2025 07:15:05 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24374 Општина Центар склучи Меморандум за соработка со колективниот постапувач ДУО Греен Роад  ДООЕЛ – Скопје за отстранување на хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината.

Главната цел на соработката е да се олесни и забрза процесот на собирање, регулирање и преместување на отпадните возила кои немаат  употребна функција, а воедно и да се подигне  свеста кај граѓаните за рециклирање и зачувување на животната средина.

Градоначалникот Горан Герасимовски потсетува дека обемната  акција на  отстранување хаварисани возила е во тек и досега се дислоцирани над стотина возила од подрачјето на локалната самоуправа.

„Целта ни е да ги расчистиме јавните простори, паркинг местата, тротоарите и другите површини од возила кои со години скапуваат и пропаѓаат. Со оваа акција не само што ослободуваме простор, туку и придонесуваме кон почиста и поздрава животна средина”, изјави Герасимовски.

Согласно Законот за управување со дополнителни текови отпад и член 63 од Законот за безбедност на сообраќајот, возилата што се дефинираат како отпадни, Општина Центар ги евидентира со податоци за регистарска таблица, локација и датум.

Општината потоа доставува барање до МВР за идентификација на сопственикот, по што се составува записник и се поставува известување со рок од 10 дена за отстранување. Доколку возилото биде одјавено, сопственикот е должен да го дислоцира и да го извести надлежниот орган. Во случај на непостапување во дадениот рок, се изготвува решение/опомена, а за тоа се известуваат МВР и колективниот постапувач. Ако возилото нема регистарски таблици, по истекот на пет дена се презема и дислоцира.

Колективниот постапувач, по обезбедување на потребната документација, го одјавува возилото во МВР или го известува сопственикот дека има рок од 30 дена за одјава. По истекот на овој период, возилото се транспортира до отпаден центар, со што трајно се отстранува од територијата на Општина Центар.

Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на бесплатниот телефонски број 076 350 767.

Општина Центар продолжува со напорите за создавање чиста животна средина преку активна соработка со граѓаните и институциите.

]]>
Герасимовски: Отстранети 130 хаварисани возила, го ослободуваме јавниот простор https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d1%82%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b8-130-%d1%85%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b8/ Mon, 03 Feb 2025 08:32:31 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23965 Општина Центар продолжува со интензивното отстранување на хаварисани возила, ослободувајќи паркинг-места и тротоари, намалувајќи ја загаденоста и зголемувајќи ја безбедноста на јавните површини. Во соработка со ПОЦ, денеска беше расчистен реонот кај Театар Комедија, како дел од пошироката акција за дислокација на возилата што веќе не се во употреба.

Во последните неколку месеци, од подрачјето на Општина Центар се отстранети 130 хаварисани возила. Овие возила зафаќаат јавен простор, го намалуваат бројот на паркинг-места и се потенцијални загадувачи.

„Продолжуваме со решавање на проблемот со хаварисаните возила, кои со години претставуваат пречка за граѓаните. Ги повикувам сите навремено да ги пријавуваат или сами да ги отстранат ваквите возила, со што заеднички ќе придонесеме кон почист и поуреден град,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на телефонскиот број 076 350 767. Возилата се транспортираат бесплатно во депото, каде што се врши проценка согласно откупната цена за старо железо.

Сопствениците имаат рок од две недели да ги отстранат возилата. Доколку тоа не се направи во дадениот рок, пајак-службата го презема отстранувањето. Пред тоа, комунален инспектор од Општина Центар залепува опомена на возилото за да го информира сопственикот дека возилото мора да се дислоцира.

Општина Центар останува посветена на создавање чист и уреден јавен простор за сите граѓани.

 

Видео: https://www.facebook.com/share/r/1BGpkN3Wdz/

]]>
Герасимовски: Отстранети 70 хаварисани возила во Центар, одличен одзив на граѓаните за нивна дислокација https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d1%82%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b8-70-%d1%85%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b8/ Thu, 05 Dec 2024 08:36:38 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23377 70 напуштени и хаварисани возила досега се отстранети од јавните површини на подрачејто на Општина Центар во рамки на акцијата која општината ја спроведува во соработка со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР.

Општинските служби поставаија  опомени на 95 возила, од кои 30 се подигнати од пајак-службата на ПОЦ, 20 се отстранети од сопствениците, а дополнителни 20 возила се дислоцирани по телефонска  пријава од граѓаните.

Градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на граѓаните кои покажаа совесност и одговорност и се приклучија на акцијата.

„Целта е да се расчистат јавните простори, паркинг местата, тротоарите и другите површини од возила кои со години скапуваат и пропаѓаат. Апелирам до сите граѓани да ги пријават или сами да ги отстранат возилата кои не се во употребна функција или возна состојба. Возилата ќе бидат бесплатно транспортирани во депото и ќе им биде направена проценка согласно откупната цена за старо железо,“ истакна Герасимовски.

Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на бесплатниот телефонски број 076 350 767. Општина Центар информира дека акцијата ќе продолжи со несмален интензитет,  ослободувајќи простор за нови паркинг места и создавајќи поуредена и почиста средина за сите граѓани.

]]>
Герасимовски: Ја чистиме депонијата кај Ист Гејт Мол иако не е под наша надлежност https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0-%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bc%d0%b5-%d0%b4%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba/ Mon, 18 Nov 2024 11:57:46 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23256 Општина Центар ја расчистува дивата депонија во близина на трговскиот центар Ист Гејт Мол која не е под нејзина надлежност. Ѓубрето кое беше натрупано со години, а не беше собрано се чисти од страна на службите на Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска направи увид на лице место да види како се одвива работата на службите.

„Иако не беше во наша надлежност, ние минатата недела започнавме со расчистување на дивата депонија. Депонијата од стари двоседи, троседи, фотелји, бела техника, облека и смет се расчистува од општинските служби. Оваа депонија е и под надлежност на градот Скопје, а под градот Скопје е и јавното претпријатие Комунална хигиена. Но, непостапувањето на градот не не спречи ние да не постапиме. Срамота е и недозволиво ова што се случува, во нашиот град доаѓаат туристи, а во близина има голем трговски центар. Депониите се потенцијален извор на инфекции. Не само за оваа депонија, туку за сите депонии мора да водиме грижа и да ја подигнеме свеста на повисоко ниво. Сите добро знаеме каде се фрла отпадот и сите треба да водиме поголема грижа за поздрава животна средина. Како општина секогаш ги засукуваме ракавите и бараме решение на проблемите за граѓаните да имаат подобри услови за живот“, рече Герасимовски.

Во месец септември, општината ја расчисти депонијата со смет и токсичен отпад зад ТЦ Буњаковец, во кој со месеци биле вселени бездомни лица и зависници. Акцијата беше спроведена по пријава на станарите од околните згради.

Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат дива депонија на телефонскиот број 02 3203 693, или, пак на веб-страницата: https://www.centar.gov.mk/?page_id=6768.

]]>
Герасимовски: Акцијата за дислоцирање на хаварисани возила се реализира одлично https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%be%d1%86%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a/ Wed, 06 Nov 2024 12:47:53 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23078 Граѓаните се приклучија на акцијата за бесплатно дислоцирање на хаварисани возила. Општина Центар во соработка со пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР веќе спроведува акција за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини со јавување на телефонскиот број 076 350 767 со цел ослободување на јавната површина.

„Со заедничката акција која ја спроведуваме досега од јавните површини дислоцирани се околу 40 возила. Сопствениците на хаварисани возила имаат одлична можност да се јават на бесплатниот број да го пријават своето нерегистрирано или неисправно возило за истото да биде однесено во отпад каде ќе им биде проценето согласно откупната цена за старо железо. Затоа во оваа прилика ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и помогнат во ослободување на јавните површини, тревниците, паркинг местата и да ја променат сликата во општината“, вели Герасимовски.

Општина Центар ги известува граѓаните дека пајак службата на ЈП ПОЦ, бесплатно може да ги подига и возилата на приватен имот доколку има согласност од сопствениците или доколку истите бидат изнесени на јавна површина.

]]>
Герасимовски: Засилените контроли на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжуваат https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d1%80%d0%be%d0%bb%d0%b8-%d0%bd%d0%b0/ Tue, 15 Oct 2024 06:48:22 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22845 Во заедничка акција  инспекторите за животна средина на Општина Центар, хигиеничарите од ПОЦ и Министерството за внатрешни работи исчистија и заградија напуштен објект кој пред извесен период бил диво населен и претворен во дива депонија и кој претставуваше извор на зарази. Објектот се наоѓа во непосредна близина на гимназијата Р.Ј Корчагин.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните да ги пријавуваат вака запуштените објекти.

]]>
Герасимовски: Во соработка со МВР расчистена е депонија во објект вселен од бездомници во Буњаковец https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b2%d1%80-%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%87/ Fri, 20 Sep 2024 13:09:41 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22629 По налог на Општина Центар, расчистен  е напуштениот објект на улица „Владимир Полежиновски“, зад ТЦ Буњаковец, во кој со месеци диво биле вселени бездомни лица и зависници. Акцијата е спроведена со асистенција на МВР, а по пријава на станарите од околните згради. Бездомниците се иселени, а руинираната куќа, претворена во депонија со смет и токсичен отпад, е исчистена и оградена со лимени табли за да се спречи повторно влегување на овие лица. На акцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Жителите  му се пожалија дека стравуваат за личната безбедност, но и за своето здравје поради ситуацијата во соседниот објект, кој е потенцијален извор на зарази.

„Инспекторите на Општина Центар и полицијата денеска одлично си ја завршија работата и мислам дека веќе нема место за загриженост. На сопствениците им наложивме да си го средат и исчистат објектот, а ние го расчистивме околниот јавен простор. Сопственикот го загради и влезот на куќата со цел да нема нови упади“, истакна Герасимовски во разговор со граѓаните.

Градоначалникот посочи дека ваквите пропаднати и напуштени куќи, во кои се собираат  бездомници и се прават мини депонии не се само грда слика во центарот на градот, туку претставуваат и вистинска опасност за сите жители во околината.

Затоа ги замолуваме сопствениците да бидат совесни, а соседите навремено да пријавуваат за да можеме да реагираме“, порача Герасимовски.

]]>
Општина Центар ги засили контролите врз правните субјекти што поставуваат урбана опрема на јавни површини https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%b3%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d1%80%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2/ Mon, 29 Jul 2024 10:52:45 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22292 Општина Центар согласно своите надлежности, започна со вонредни инспекциски надзори и контроли на правни субјекти што функционираат на територијата на општината, а коишто користат јавна површина за поставување на урбана опрема.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ги спроведува ваквите контроли, со цел спречување на поставување и отстранување на нелегално поставена урбана опрема. Правните субјекти што имаат поставено урбана опрема на јавна површина се должни да го усогласат своето работење, согласно одобрението што го имаат добиено од Општина Центар и Град Скопје.

Сите правни субјекти што немаат соодветно одобрение за поставување урбана опрема на јавна површина ќе добијат глоби и казни од инспекциските служби на Општината.

Сите заинтересирани за поставување на урбана опрема на јавна површина во Општина Центар, барањето можат да го најдат на следниов линк.

]]>
Герасимовски: Граѓаните да не си ги трошат парите на диви инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b8-%d0%b3%d0%b8-%d1%82%d1%80%d0%be/ Mon, 22 Apr 2024 11:59:37 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=21057 Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор за објект на улицата „Железничка“ близу ресторанот Љуц. Градоначалникот Горан Герасимовски на отстранувањето на објектот истакна дека законските прописи мора да се почитуваат од сите чинители во општината.

Сите диво поставени објекти, доградби тераси, платформи без одобрение ќе бидат отстранети. Апелирам до граѓаните да не си ги трошат парите на инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка. Денеска се отстранува овој објект кој е со димензии 3.80x2.20 метри но и други нелегално изграден објекти како дрвена платформа и челична настрешница на улица „Црвена Вода“ бр. 4 близу Броз Кафе, метална врата на ул. „Мајаковски“ близу пекарата Силбо во Дебар Маало која беше поставена на државно земјиште“, истакна Герасимовски.

Герасимовски објави дека има нерегуларности и со 30 жардиниери на улица „Антоние Грубишиќ“. Истите ја попречуваа пешачката патека, општинските служби ги залепија до локалот со цел нејзино ослободување и наложија во рок од 3 дена истите да се внесат внатре. За утре Герасимовски најави дека инспекторските служби најавуваат отстранување помошен објект-гаража на улица „Кеј 13 ноември“ бр74 и доградба на тераса и метална врата на улица „Дебарца“.

Инспекциските служби на Општина Центар ќе продолжат со спроведување на зачестените инспекциски контроли со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните.

 

]]>
Герасимовски: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа на општината https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%84%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0/ Thu, 28 Mar 2024 11:38:19 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=20602 Општина Центар извојува победа. Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски до ЗЕЛС, Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.
Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им се дава можност за конфискација на бесправно изградените објекти на нивна територија и нивна пренамена во функција на општината.

„Општина Центар е лидер во промени, лидер во храбри и позитивни одлуки и решенија во полза на граѓаните. Прифаќањето на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти и нејзино преточување во Законско решение е победа на Општина Центар но и сите други општини во државата. Собранието на 19 овој месец, го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имот на корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, каде во Членот 66 е преточена Иницијативата која ја поднесов до ЗЕЛС со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на општината. Ова значи дека ние општините имаме две можности или да го легализираме објектот или доколку има услови истиот да го урнеме во рок од 6 месеци од прием. Доколку одлучиме да го легализираме, ќе можеме да го дадеме на социјално ранливи категории на граѓаните или на користење за разни културни, пензионерски, младински домови“, посочи Герасимовски денеска пред медиумите.

Герасимовски појаснува дека новото Законско решение налага локалните самоуправи да не можат да го ОТУЃАТ објектот на градежни фирми или други субјекти кои се работат со недвижности, што всушност значи дека се иззема било каква можност за профит на сметка на нелегално изградените објекти. Новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка не се однесува за дивоградбите кои се на приватно земјиште, за кои веќе се води инспекциска постапка за рушење или се води постапка за легализација.На прес-конференцијата Герасимовски потсети дека иако поднесувањето на Иницијативата беше широко прифатена од градоначалниците сепак мораше да ги помине институционалните процедури во Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда и Собранието како законодавен дом.

„Во државата има близу 100 илјади дивоградби, еве во Општина Центар има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, околу 5,5 милиони денари за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Но сега со новото законско решение наместо дувло на бездомници како што најчеста е реалноста дивоградбите ќе можат да се пренаменат и за други потреби односно да бидат или пензионерски домови, креативни работилници или клубови за млади или пак предадени за социјално загрозени семејства“, потенцира Герасимовски.

Герасимовски напоменува дека со донесувањето на ова законско решение ќе се превенира урбанистичкиот хаос, а градежниците ќе треба да се запрашаат дали ќе градат без одобрение за градба. Воедно потсетува градоначалникот дека средствата планирани за уривање на нелегални објекти општините ќе може да ги пренаменат во други потреби за граѓаните.

 

]]>