> Локален економски развој – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Thu, 03 Jul 2025 10:08:44 +0000 en-US hourly 1 Јавен повик за доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар, за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b1%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8-2/ Thu, 03 Jul 2025 09:04:43 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=25879 ЈАВЕН ПОВИК

За доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Скопје, за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија во автошколи на подрачјето на Општина Центар – Скопје.

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на субвенциии на младите жители на Општина Центар – Скопје, за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија во автошколи на подрачјето на Општина Центар – Скопје.

Јавниот повик е отворен од 25.2.2025 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар-Скопје, односно до 31.12.2025 година.

Со овој јавен повик ќе се субвенционираат сите млади жители на општината, кои во текот на 2025 година навршуваат 18 и 19 години, односно сите родени во 2007 и 2006 година, а живеат во Општина Центар – Скопје најмалку една година.

Субвенцијата е во висина од 10.000,00 денари за обука и полагање за возачки дозвола Б-категорија.

Субвенцијата може да се користи единствено за обука и полагање за возачка дозвола во автошколи регистрирани на подрачјето на Општина Центар.

Потребно да се достават следните документи:

  • Барање за субвенција за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија во автошколи на подрачјето на Општина Центар – Скопје.
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Доказ за извршена уплата во автошкола.
  • Доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар – Скопје.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик (25 февруари 2025). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-680 или на следната електронска адреса: elif.idris@centar.gov.mk

 

Правилник за субвенционирање на млади

Измена на правилник

Барање-за-субвенција-на-возачки-2025

 

]]>
Јавен повик за практикантство во Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82/ Mon, 19 May 2025 08:15:25 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=25282 ЈАВЕН ПОВИК

За практикантство во Општина Центар – Скопје

 

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за практикантство (ангажирање на практиканти) во Општина Центар – Скопје.

 

Јавниот повик е отворен од 19.5.2025 година и ќе трае до 29.5.2025 година. Практикантската работа ќе започне од 01.6.2025 година.

 

Со овој јавен повик ќе се овозможи на сите студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети да остварат практикантство во Општина Центар – Скопје, кои жители на општина Центар – Скопје.

 

Практикантството ќе се реализира во секторите на општината согласно можностите и потребите на општинската администрација  на Општина Центар.

 

Потребно да се достават следните документи:

  • Барање за практикантство;
  • Доказ дека се студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети,
  • Лична карта и трансакциска сметка,
  • Кратка биографија (CV)

 

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик (19 мај 2025). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за текот на постапката.

 

Согласно член 7 од Законот за практикантство, Општина Центар ќе прифати осум (8) практиканти, а согласно член 6 од истиот закон, правото на практикантство е еднократно, со максимално времетраење од 6 месеци.

 

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-655 или на следната електронска пошта: vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk

 

Барање-за-практикантство-2025

Правилник за практикантство

 

 

]]>
Листа на добитници од Јавниот повик за финансирање на здруженија и фондации за 2025 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8/ Wed, 14 May 2025 08:28:28 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=25245 Во согласност со Јавниот повик за финансирање на здруженија и фондации за 2025 година  број 09-1522/2 од 6.3.2025 година и по Предлогот од членовите на Комисијата за избор на проекти по објавениот Јавен повик бр. 09-1522/57, градоначалникот донесе Решение за избор на проекти со бр. 09-1522/59 од 22.04.2025 година, со кое се усвојуваат барањата на субјектите:

Апликант Доделени средства
Здружение за унапредување на здравствениот систем ЗДРАВ СИСТЕМ-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ Скопје и Здружение на пензионери на Општина Центар 30.000,00
Здружение за  културна мотивација КУЛТИ ВАТОР 100.000,00
Здружение на просветни работници на град скопје 100.000,00
Здружение за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција „Профицио“ – Скопје 100.000,00
Фондација за промовирање на иновативното учење, едукација и личен развој СТЕМ Академија 100.000,00
Здружение Совет за грижи и воспитување на децата на Град Скопје 180.000,00

 

Здружение на граѓани Буллфрогс баллет 450.000,00
Здружение на клубови на лекувани зависници на Република Македонија 30.000,00
 

Здружение на граѓани за промовирање и размена на културите, традициите и уметноста –Младинска асоцијација РУМА

 

40.000,00

Интернационална организација за неформално образование на деца и млади Хесед 40.000,00
Сојуз-Национален совет за родова рамноправност 110.000,00
Здружение на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија-Центар Скопје 50.000,00
Здружение за едукација и иноватино учење АКАДЕМИЈА ЗА РОБОТИКА И ИНОВАЦИИ-СКОПЈЕ 150.000,00
Здружение за рана стимулација, развој, третман и рехабилитација на говор и глас, социоемоционален развој и поддршка, помош при учење неформално образование МАЛИ И ГОЛЕМИ-ГОВОР И ЛОГИЧКИ РЕШЕНИЈА-Скопје 90.000,00
Здружение Смисла Солутионс Скопје 40.000,00
Организација на жени на Град Скопје 40.000,00
Сојуз на борците од НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА И АНТИФАШИСТИЧКА ВОЈНА НА МАКЕДОНИЈА 1941-1945 И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ-ОПШТИНСКИ ОДБОР ЦЕНТАР 90.000,00
Здружение на граѓани за помош на бездомници,социјално загрозени семејства и поединци-ЉУБЕЗНОСТ-Скопје 30.000,00
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза-Национално здружение за МС 30.000,00
Здружение за промовирање на стрип култура МАКСТРИПОВИ Скопје 30.000,00
Здружение за подршка и развој Хуманост 550.000,00
Здружение Форум-Центар за стратешки истражувања и документација,Скопје 100.000,00
Институт за економски стратегии и меѓународни односи-Охрид 90.000,00
Здружение за возонобновување на православните традиции БАДНИКОВИ ПОВОРКИ Скопје 60.000,00
Светла младинска иднина 50.000,00
Здружение за промоција на европските културни вредности во Република Македонија Европска Алијанса Република Макединија, Скопје 100.000,00
Прв Скопски Извиднички Одред 90.000,00
Сојуз на извидници на Македонија 100.000,00
Организација КОРТ Култура и обука за одржлив развој Скопје 30.000,00

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

]]>
Герасимовски: Бизнис информаторот обезбедува лесен пристап до општинските услуги за компаниите и инвеститорите https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%81-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%be%d0%b1/ Fri, 21 Feb 2025 11:26:22 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24380 Општина Центар преку новата интернет алатката Бизнис информатор нуди информации и услуги за сите компании, инвеститори, претприемачи и граѓани кои сакаат да се поврзат со услугите и ресурсите што ги нуди општината.

Овој информатор овозможува директен пристап до административни процедури, електронски услуги, стратешки документи и линкови до барања кои им се неопходни на бизнисите за нивен раст и развој.

„Бизнис информаторот е креиран со цел да обезбеди лесна и брза комуникација со деловната заедница, транспарентен пристап до услугите и документацијата на општината, како и административна поддршка за сите заинтересирани инвеститори,“ посочува градоначалникот Герасимовски.

За пристап до информаторот не е потребна најава, а услугите се отворени за сите заинтересирани. Корисниците преку оваа алатка имаат директен линк до електронските дозволи, урбанистички планови, инфраструктурни податоци, огласи, формулари, буџетски програми и јавни набавки.

Дополнително, преку информаторот е овозможено поднесување иницијативи и пријави, како и пристап до стратешките документи на општината кои ги поставуваат насоките за економски развој и деловни можности.

Сите овие услуги се достапни преку веб-страницата на Општина Центар, на следниот линк

https://www.centar.gov.mk/wp-content/uploads/2025/02/biznis-informator-ver2.pdf

]]>
Стратегија за локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2024-2028 https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bb%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b2/ Fri, 13 Dec 2024 08:34:53 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23444 Со големо задоволство Ве известуваме дека по успешно завршениот процес на изработка, нашата урбана Општина Центар, сега располага со комплетна и целосна Стратегија за локален економски развој. Оваа стратегија претставува резултат на повеќемесечна  анализа, консултации и експертски труд, со цел да ги идентификуваме најдобрите начини за да ги поттикнеме економскиот раст и развојот на нашата Општина.

Убеден сум дека имаме причина да бидеме горди на успешно завршената работа и верувам дека Стратегијата ќе биде витален инструмент во нашите напори за обезбедување благосостојба и напредок за сите наши сограѓани. Со заеднички сили може да ја пренесеме оваа стратегија во реалност и да ја видиме нашата Општина како просперитетна, иновативна и пријатна за живеење.

Целиот стратегиски документ може да го погледнете на следниов линк:

https://www.centar.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%9B%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-2024-2028.pdf

 

]]>
Листа на прифатени проекти по Јавниот повик за финансирање на програмски активности на здруженија и фондациите за 2024 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%84%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8-%d0%bf%d0%be-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82/ Tue, 13 Feb 2024 10:12:52 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=19894 Согласно Одлуката за објавување на Јавниот повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2024 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2024 година во висина од 2.000.000,00 денари предвидено е финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите преку грантови за проекти во приоритетните области од социјалната заштита, заштита и поддршка на деца и млади, поддршка во образованието, развој на демократијата и друго.

Апликант Доделени средства
Здружение на пензионери на Општина Центар-Скопје 50.000,00
Здружение на граѓани Совет на експерти за спорт. Образование и наука 30.000,00
Здружение за  културна мотивација КУЛТИ ВАТОР 120.000,00
Институт за дигитализација, економија и иновации -ИДЕИ 200.000,00
Здружение на просветни работници на град Скопје 100.000,00
Здружение на граѓани за подршка на шумарството и животната средина ТРИФОР 200.000,00

 

Здружение за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција „Профицио“ – Скопје 100.000,00
Фондација за промовирање на иновативното учење, едукација и личен развој СТЕМ Академија 110.000,00
Велосипедски клуб Енерџи 30.000,00
 

Здружение Совет за грижи и воспитување на децата на Град Скопје

 

100.000,00

Здружение на граѓани Буллфрогс баллет 400.000,00
Шеринг ис керинг 180.000,00
Здружение за инклузија, креативност и иницијативи „Интеракција плус“ 30.000,00
Здружение ХОПС опции за здрав живот – Скопје 60.000,00
Здружение на клубови на лекувани зависници на Република Македонија 30.000,00
Здружение на граѓани КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР КАРПОШ 100.000,00
Здружение на граѓани за промовирање и размена на културите, традициите и уметноста –Младинска асоцијација РУМА 30.000,00
Интернационална организација за неформално образование на деца и млади Хесед 30.000,00
Сојуз-Национален совет за родова рамноправност 100.000,00
]]>
Јавен повик за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc-2/ Fri, 05 Jan 2024 07:38:18 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=19561

 

Врз основа на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16), Општина Центар-Скопје објавува

 

Ј А В Е Н  П О В И K

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2024 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2024 година, од Програмата ЕО-Општинска администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, потставка 463110 – Трансфери до здруженија и фондации, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2024 година и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

 

  1. Вид проекти што ќе бидат финансиски поддржани:

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите преку грантови за програми (проекти) во следниве приоритетни области:

  • поддршка на локалните микро бизниси и занаети преку едукации и квалификации,
  • промоција на локалните микро бизниси и занаетчии преку организирање на настани и активности,
  • поддршка на децата и на младите, особено во процесот на воспитување и образование и градење на меки вештини,
  • развој на социјални услуги за потребите на граѓаните во социјален ризик,
  • родова еднаквост и заштита на жртви на насилство (семејно, врсничко и сл),
  • заштита на животната средина и одржлив развој.

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општина Центар-Скопје во приоритетните области определени со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2024 година.

 

  1. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

 

  1. Доставување извештај

Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Програмата и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2024 година по завршувањето на своите програмски активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Секторот за Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и до Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.

 

  1. 4. Право на учество и критериуми

Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата и фондациите со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– да се регистрирани како здружение или фондација во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;

 – да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година;

– да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;

– да поднеле извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината, ако за 2023 година добиле средства преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите;

– да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес во согласност со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

 

  1. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.

Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:

  1. Пополнета пријава на јавниот повик за финансиска подршка од општина Центар;
  2. Решение за регистрација на здружението или фондацијата или Тековна состојба од Централен регистер на РМ не постара од 6 месеци;
  3. Активна трансакциска сметка на здружението или фондацијата што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства;
  4. Завршна сметка за 2023 година и
  5. Извештај за работењето на здружението/фондациите за 2023 година.

 Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

  1. Рок и начин на доставување на пријавите.

 Рок за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1

1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2024 година за финансирање на здруженија и фондации во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“.

Називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за проектите од областите во Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Прилог 1 – пријава на конкурс (1)

]]>