> Меѓународна соработка – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Tue, 23 Jul 2024 13:10:57 +0000 en-US hourly 1 Герасимовски-Гети: Општина Центар и Лаjонс од Чикаго имаат заеднички интерес за соработка https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%b8-%d0%bb%d0%b0/ Tue, 23 Jul 2024 11:44:12 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22227 Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски денеска беа домаќини на Кристофер Гети, градоначалник на Лајонс, општина во Чикаго, Соединетите Американски Држави. Герасимовски го запозна Гети со начинот на кој функционира општината и кои се ингеренциите што локалната самоуправа на Центар ги има во рамки на Градот Скопје.

Зборувајќи за буџетот, Герасимовски истакна дека најголем дел од средствата што ги има општината се вложуваат во проекти во образованието и во инфраструктурни проекти. Проектите во овие области се планираат и спроведуваат согласно потребите на граѓаните и во чекор со современите трендови за развој на централното градско јадро, истакна Герасимовски на средбата.

Покрај тоа, двајцата соговорници разговараа и за можноста за градење на партнерство помеѓу Центар и Лајонс, кое може да донесе придобивки за граѓаните од двете општини.

„Заедничките иницијативи можат да поттикнат партнерство помеѓу нашите општини и да отворат можности за културната размена, економската соработка и спроведување на заеднички проекти“, истакна Герасимовски на средбата со Гети.

Герасимовски го информираше Гети и за неговата неодамнешна посета на САД на која тој оствари бројни средби со претставници на општини од повеќе градови и на кои беа разменети искуства за добро управување и напредок на локалната самоуправа. Стекнатото искуство претставува основа за примена на добрите практики од САД и во работењето на администрацијата на општина Центар, рече Герасимовски.

 

]]>
Делегација на Хрватска во посета на Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%85%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%b5%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf/ Wed, 20 Mar 2024 13:38:52 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=20426 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и жупанот на Копривничко-крижевачка жупанија, Дарко Корен, го посетија училиштето „Киро Глигоров“, каде во тек е јавна набавка за фирма изведувач на фотоволтаични централи, училиштето „Коле Неделковски“, каде што се одвиваат градежни активности за доградба на училиштето и посета на градинката во градба „Пролет“.
Општина Центар е првата општина која ја започна енергетската транзиција со поставувањето на фотоволтаични панели на кровот на градинката „Пепелашка“.
„Нашиот поттик да отпочнеме со процедури и да го оформиме „Енергија Центар“, доаѓа токму од позитивните искуства на Хрватска. Со жупанот Корен, денес разменуваме искуства за поставените фотоволтаици, но и стекнуваме нови информации од нив. Се надевам дека нашата соработка ќе се интензивира и ќе се продлабочи на ова поле, со цел најголем бенефит да имаат граѓаните“, изјави Герасимовски.

]]>
Герасимовски и Дарко Корен од Хрватска разменуваат искуства за енергетиката, децентрализацијата и европските фондови https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b8-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%be-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b4-%d1%85%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%82%d1%81%d0%ba/ Wed, 20 Mar 2024 11:30:28 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=20402 Делегацијата на Копривничко крижевачка жупанија денеска во посета на Општина Центар, со цел да се продлабочи меѓусебната соработка. Жупанот Дарко Корен и градоначалниот Герасимовски на работниот состанок ги разгледаа можностите за размена на искуствата во доменот на енергетиката, децентрализацијата, користењето на европските фондови.

,,Спогодбата за соработка во институционалната, економската и културната дејност меѓу Копривничко-крижевачката жупанијата која се потпиша минатото лето е добра основа да соработуваме и влечеме искуства од нашите колеги кои повеќе од една деценија се дел од ЕУ. Нивната експертиза во доменот на европските фондови и користење на истите за производство на зелена енергија и проекти во доменот на образованието, културата и стопанството ни се добредојдени. Регионот мора да си помага, не само на центарлно, туку и на локално ниво“ истакна Герасимовски на работниот состанок со делегацијата од хрватската жупанија.

Жупанот Дарко Корен истакна дека односите мегу двете земји се на високо ниво, но во исто време мора да се зајакнуваат и врските меѓу локалните самоуправи.

„Децентрализацијата е европски тренд и мора да го следиме. Мораме и да ги споделуваме и европските искуства, особено во областа на енергетиката. Чистата и обновлива енергија е нешто кон што и ние како жупанија тежнеме и веќе длабоко сме навлезени во таа проблематика. Затоа сме овде денеска. Да соработуваме за да имаме регион кој енергетски ќе биде компатибилен со она што се случува сега во ЕУ“, истакна Корен.

На средбата градоначалникот Герасимовски на Корен му го подари „Фениксот“, обележје на општината како симбол на повеќекратната преродба на градот и општината по разните доживеани катастрофи низ историја, додека од жупанот Корен пак доби слика во уникатниот стил на „наивата“, уметнички правец по кој е препознатлива Хрватска.

Градоначалникот Герасимовски заедно со жупанот Корен и хрватската делегација беа во училиштата „Коле Неделковски“ и Киро Глигоров“, како и во градинката во градба „Пролет“ каде се планира поставување на фотоволтаични централи.

]]>