> Млади – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Wed, 07 May 2025 12:23:48 +0000 en-US hourly 1 Герасимовски: Воведуваме училишни униформи за сите основци од септември  https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d1%83%d1%87%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%88%d0%bd%d0%b8-%d1%83/ Wed, 07 May 2025 12:20:28 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=25135

Општина Центар за првпат воведува училишни униформи за сите основци. Градоначалникот Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Во живо – Програма на градови” на МРТ информираше дека од септември, учениците во сите општински основни училишта ќе ја започнат учебната година во униформи.

 

 

„Тоа што е новост, како општина обезбедивме за сите ученици од септември да имаат нови униформи. Ја подготвуваме јавната набавка за нови униформи за сите, приближно 4.700 ученици во нашите основни училишта, од прво до деветто одделение и верувам дека истата ќе заврши набрзо, па од септември сите ученици ќе бидат во нови униформи во Општина Центар. Дополнително, еве четврта година по ред, обезбедуваме и бесплатни ранчиња и училишни прибори за сите првачиња“, рече Герасимовски.

 

 

Герасимовски потенцира дека се прошируваат и подобруваат капацитетите во училиштата, но и во самите градинки.

 

 

„Приоритет ни е упис на дечињата во градинките коишто се жители на Центар, но во дел од градинките останува простор за упис на дечиња од други општини чии што родители работат на територија на Општина Центар и имаат потреба да ги остават децата во близина на своите работни места. Ние како општина поради тоа што имаме доволен капацитет во градинките, овозможуваме и тие дечиња да бидат запишани во нашите градинки. Одлично поминува процесот за упис на првачиња од 2 мај до 30 мај, верувам дека бројот на запишани ученици малку ќе се зголеми во однос на минатата година“, изјави Герасимовски.

]]>
Саем на младински организации на пјацетата пред Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%81%d0%b0%d0%b5%d0%bc-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d1%80%d0%b3%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%98%d0%b0%d1%86/ Fri, 01 Nov 2024 11:58:42 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23029 Ни беше навистина драго да видиме толку многу млади пред Општината, подготвени да ги покажат своите идеи и иницијативи! На 15 штандови, младинските организации ги претставија своите минати и тековни проекти, овозможувајќи увид во нивниот активизам и ангажман за заедницата.

Саемот воедно беше одлична прилика за запознавање и вмрежување на организациите, зајакнување на соработката на локално ниво и создавање потенцијал за идни заеднички активности.

Младите ја искористија оваа можност да разменат материјали и споделат искуства, а ние, како добри домаќини, ги почестивме со кафе и колачиња подготвени специјално за Денот на општината.

Им благодариме на сите младински организации кои се одзваа на нашата покана и учествуваа на овој саем. Соработката со младите носи свежа енергија и секогаш е добредојдена во развојот на општинските политики.

]]>