> Оглас за стпендии – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Wed, 18 Sep 2024 10:31:35 +0000 en-US hourly 1 Оглас за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во учебната 2024/2025 година https://arhiva.centar.gov.mk/22605/ Wed, 18 Sep 2024 08:46:54 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22605 Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), а во врска со точка 5.3 од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2024 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бр. 18/23), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

ОГЛАС

за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во учебната 2024/2025 година

 

 

       Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини и од I до IX одделение во спортската дисциплина шах од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Услови за доделување стипендија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да се редовни ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини, освен учениците што се натпреваруваат во шах од I до IX одделение, во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.

 

  1. Критериуми за доделување стипендија

Потребно е ученикот-спортист да има постигнување на точни (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 1.9.2021 година до 1.9.2024 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:

– Освоено индивидуално прво место (1 бод) на државно првенство;

– Интернационални (меѓународни натпревари) прво место (1,5 бода), второ место (1 бод) и трето место (0,5 бода).

– Балканско првенство прво место (3 бода), второ место (2 бод), трето место (1 бод) и за учество (0,5 бода);

– Европско и Светско првенство прво место (4 бода), второ место (3 бода), трето место (2 бод) и за учество (1 бод);

– Добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод).

 

Учениците што учествуваа и беа прогласени за најдобри играчи, голмани и стрелци во Лига-Центар 2023/2024 се стипендисти.

Другите успеси и резултати што не се во согласност со календарот на натпревари од националните и од меѓународните спортски федерации нема да се земат предвид.

 

III. Потребни документи

Со барањето ученикот-спортист треба да достави:

– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик од I до IX одделение или е со место на живеење на територија на Општина Центар (копија од лична карта на еден од родителите);

– Биографија на спортистот;

– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 1.9.2021 година до 1.9.2024 година.

Доказите (дипломи и билтен за истите) за освоени места за пласман да се достават во копии.

 

  1. Висина на стипендијата и рангирање

 Стипендијата изнесува 2.500 денари, 3.000 денари и 3.500 денари месечно за осум месеци во текот на учебната 2024/2025 година:

– За освоени од пет до десет бода стипендијата изнесува 2.500 денари месечно;

– За освоени од единаесет до дваесет бода стипендијата изнесува 3.000 денари месечно;

– За освоени над дваесет бода стипендијата изнесува 3.500 денари.

Кандидатот има право да поднесе апликација доколку претходно нема добиено стипендија од други институции.

 

  1. Начин на пријавување

 Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.

 

  1. Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 24.9.2024 година.

Документите на кандидатите што не се комплетни и не се навреме доставени нема да се разгледуваат.

Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден оглас – култура, наука или спорт.

Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.

]]>
Оглас за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2024/2025 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5-8/ Wed, 18 Sep 2024 08:38:30 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22598 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 05/02), и точка 4.18 од Програмата за  култура за 2024 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 18/23), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2024/2025 година

 

 

Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VII, VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите да се редовни ученици во VII, VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на културата  (сите видови на уметност) во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година:

  • прво место општински натпревар (1 бод);
  • прво место регионален натпревар (1,5 бода);
  • прво место државен натпревар (2 бода);
  • прво или второ место меѓународен натпревар (3 бода или 2,5 бода);
  • добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
  • се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
  • право на разгледување имаат само дипломи од лиценцирани организатори на натпревари.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатот треба да достави:

  • потврда од училиштето дека е редовен ученик;
  • биографија;
  • контакт телефон на родител-старател;
  • фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на културата од последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

  • Стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;
  • За освоени од пет (5) до четириесет (40) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;
  • За освоени повеќе од четириесет (40) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

 

V Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје“.

Пријавите ги разгледува и по нив одлучува општинската комисија формирана за овој Оглас.

 

VI Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 24.9.2024 година.

Нема да се разгледуваат документи што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
  • Комисијата го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години, односно се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година.

                                                     

VII Решенија за стипендии според одлука на Комисијата

Општина Центар-Скопје има цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите. Во согласност со одлуката на Комисијата за спроведување постапка за доделување стипендии, градоначалникот донесува решенија. Доколку од некое училиште нема ученик што целосно ги исполнува критериумите и условите, Комисијата избира ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања и својата одлука за тоа му ја доставува на градоначалникот за донесување решение.

 

]]>
Оглас за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науки, техника и посебни вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2024/2025 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5-7/ Wed, 18 Sep 2024 08:37:28 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22601 Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со точка 2 од Програмата за образование за 2024 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 18/23), градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науки, техника и посебни вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2024/2025 година

 

Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје;
  • да оствариле континуиран успех одличен (5,00) во текот на школувањето во VI, VII и во VIII одделение

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на науки, техника и посебни вештини во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година:

  • прво место градски (општински) натпревар (0,5 бода);
  • прво место регионален натпревар (1 бод);
  • прво или второ место на државен натпревар (2 бода или 1,5 бода);
  • прво или второ место на меѓународен натпревар (3 бода или 2,5 бода);
  • добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
  • се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
  • право на разгледување имаат само дипломи од здруженија, организации, друштва, асоцијации и сл. акредитирани од МОН.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатот треба да достави:

  • потврда од училиштето дека е редовен ученик;
  • биографија;
  • контакт телефон на родител-старател;
  • фотокопии од свидетелствата од VI до VIII одделение;
  • фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науки, техника и посебни вештини од VI до VIII одделение, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

– Стипендијата изнесува 3.000,00 денари и 3.500,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;

– За освоени од два (2) до пет (5) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари;

– За освоени повеќе од пет (5) бода стипендијата изнесува 3.500,00 денари.

 

V Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науки, техника и посебни вештини од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар“.

Пријавите ги разгледува и по нив одлучува општинската комисија формирана за овој Оглас.

 

VI Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 24.9.2024 година.

Нема да се разгледуваат документите што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
  • Комисијата го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години, односно се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година.

 

VII Решенија за стипендии според одлука на Комисијата

 Општина Центар-Скопје има цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите. Во согласност со одлуката на Комисијата за спроведување постапка за доделување стипендии, градоначалникот донесува решенија. Доколку од некое училиште нема ученик што целосно ги исполнува критериумите и условите, Комисијата избира ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања и својата одлука за тоа му ја доставува на градоначалникот за донесување решение.

 

]]>