>
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02; „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/24), точка 2 од Програмата за социјална, здравствена заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.13/24) и Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.8/24), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување субвенција за проектот „Сервис за стари лица”
Општина Центар-Скопје ќе започне со реализација на проектот Сервис за стари лица – „Центар се грижи за возрасните”, со примање на Барање почнувајќи од 19.9.2025 година и ќе трае до 25.9.2025 година.
Реализацијата на Проектот трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.
Критериуми:
Во Архивата на Општина Центар-Скопје, заедно со Барањето треба да поднесат:
Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат Барање во Архивата на Општина Центар-Скопје (Барака 6).
]]>
Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување финансиска поддршка наменета за пензионери во социјален ризик, кои се жители на Општината. Со Програмата за измената и дополнувањето на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.8 од 07.07.2025 година) се обезбедуваат средства за еднократна финансиска помош и поддршка, со цел олеснување на состојбата на лицата од најранливите категории – пензионери.
Јавниот повик е отворен од 09.07.2025 година, заклучно со 18.07.2025 година.
Висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена во Буџетот на Општина Центар – Скопје за 2025 година.
Финансиската поддршка се однесува на следната категорија на граѓани:
За остварување на правото на овој вид финансиска поддршка, заинтересираните граѓани треба да ги исполнуваат следните критериуми:
За таа цел, заинтересираните граѓани треба да ги достават следните документи:
Барањето за доделување на финансиска поддршка за пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје (архива на Општина Центар-Скопје, барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk.
Потребната документација може да се достави секој работен ден во барака 6 (Сала на Совет на Општина Центар – Скопје), од 08.30 до 13.00 часот, исклучиво во писмена форма.
Документација доставена по електронски пат или по пошта нема да биде земена предвид при разгледување на пристигнатите Барања.
Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка.
На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар-Скопје ќе изготви Решение за доделување на финансиска поддршка.
Исплатата на предвидениот износ за финансиска поддршка (во висина од 2.500,00 денари), ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје, директно на трансакциските сметки кои барателите ги доставиле како потребна документација. Исплатата ќе биде реализирани до крајот на 2025 година.
Ги повикуваме сите пензионери, кои се корисници на старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија и ги исполнуваат потребните критериуми, да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.
]]>
На работилницата која се одржа, учениците имаа можност да учат традиционални вештини како шиење, изработка на ракотворби и подготовка на домашни рецепти.
„Денеска бев сведок на нешто навистина убаво, генерации од различни времиња, обединети во почит и блискост. Нашите ученици учеа како се шие, како се прават пити и слатки, но уште поважно, учеа што значи трпение, љубов и создавање дом со душа. Ова не се само вештини, ова се животни вредности“, истакна Герасимовски.
Овој настан е дел од поширокиот проект што Општина Центар го поддржува во сите основни училишта на општината. Проектот е во насока на наставната програма за изборниот предмет „Вештини на живеење“, порано познат како „Домаќинство“. Целта е да се пренесат вредни животни вештини на учениците, кои не само што ќе им бидат корисни во секојдневниот живот, туку ќе помогнат во градењето на мост меѓу генерациите.
„Проектите што ги спроведуваме преку меѓугенерациска соработка се многу важни. Преку вакви дружења и хуманитарни базари, создаваме хармонична и емпатична средина за младите и постарите“, порача Герасимовски.
]]>
„Во соработка со Здружението на пензионери и Стоматолошкиот факултет, сите пензионери добиваат бесплатни стоматолошки услуги во Центар. Сите заинтересирани пензионери можат да закажат бесплатен стоматолошки преглед на телефонскиот број 071/223-320, секој работен ден во период од 08.00 до 14.00 часот. Оралното здравје е поврзано со општата благосостојба, особено во повозрасните години. Затоа, редовните посети на стоматолог не се само навика, туку и неопходност за секој пензионер кој сака да живее квалитетно и безболно“, рече Герасимовски.
Герасимовски, истакна дека за три години, доделени се над 10 милиони денари на пензионерите во Центар.
„Еднократна парична помош доделивме на 3.500 пензионери со што значително им го подобривме квалитетот на живот во пресрет на новогодишните празници. Покрај ова, први обезбедивме нега на стари лица во домашни услови и со услугата „Итно копче“ обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски на средбата со пензионерите во пензионерскиот клуб „Корчагин“.
]]>
Герасимовски, информираше дека за неговиот четиригодишен мандат ги исполнил ветувањата и барањата на пензионерите.
„Во првата година од мандатот, отворивме три нови пензионески клуба и заеднички со пензионерите почнавме да имплементираме нови проекти и да организираме активности. Ние сме првата општина што обезбедивме нега на стари лица во домашни услови, а со новата услуга „Итно копче“ на пензионерите им обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови. Во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот. Нашите пензионери се важен дел од заедницата, и затоа е клучно да ги слушнеме нивните предлози и идеи. Продолжуваме да работиме на проекти што ќе им овозможат поголема социјална вклученост, подобри услови во пензионерските клубови и поквалитетен секојдневен живот. Животот е убав во секоја доба“, изјави Герасимовски.
Општина Центар останува посветена на поддршката на своите највозрасни сограѓани, со цел да обезбеди активна и сигурна старост за сите.
]]>Герасимовски, информираше дека сите проекти и активности што се реализираат во општината се во координација со пензионерите.
„Го слушаме гласот на пензионерите и ги земаме предвид сите нивни идеи при носењето на одлуките. Секој проект што го реализираме за повозрасните граѓани е резултат на нивните потреби и предлози. Овие средби се можност за директен разговор, размена на идеи и креирање решенија што навистина ќе го подобрат квалитетот на животот на пензионерите. Нивниот глас е важен, а нашата задача е тие предлози да ги претвориме во конкретни активности” истакна Герасимовски.
На средбата, пензионерите ја поздравија новата услуга „Итно копче“ што општината ја реализира со Црвениот Крст, како и нега за стари лица кои обезбедуваат брза реакција и поддршка во итни случаи.
Дополнително, позитивно беше оценета и еднократната парична помош во висина од 2.500 денари. „Нашата цел е пензионерите да се чувствуваат безбедно, сигурно и поддржано. Со услугата ‘Итно копче’ и домашната нега, обезбедуваме брза и ефикасна помош за оние на кои им е најпотребна. Дополнително, со финансиската поддршка сакаме да дадеме мал, но значаен придонес во олеснувањето на нивните секојдневни трошоци“, рече Герасимовски.
Герасимовски најави дека сите добиени идеи од средбите ќе бидат разгледани со цел нивна имплементација.
]]>
На денешната средба со повозрасните центарци во пензионерскиот клуб „Миле Арсовски“ се договоривме заеднички да ја утврдиме локацијата за екскурзијата кадешто ќе посетиме познат македонски туристички центар со богата традиција.
Остануваме посветени кон подобрување на квалитетот на живот на нашите највозрасни сограѓани, овозможувајќи им можности за активен и социјално исполнет пензионерски живот.
Животот е убав во секоја доба.
]]>Герасимовски, потенцираше дека во моментов активни се неколку услуги со кои им се подобрува квалитетот на живот на пензионерите од Центар.
„Повозрасните центарци се задоволни од нашите услуги „Итно копче“ и нега за пензионери во домашни услови „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“. Преку услугата „Итно копче“ на жителите над 65 годишна возраст им обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови. Оваа услуга е нова и ја реализираме заедно со Црвениот крст на Град Скопје. Со проектот нега во домашни услови посетуваме 90 домаќинства и во моментов има слободни места, ги повикувам пензионерите да аплицираат за овие бесплатни услуги со кои им го подобруваме секојдневието и квалитетот на живот. Животот е убав во секоја доба, ја возвраќаме грижата за нашите баби и дедовци“, истакнува Герасимовски.
Покрај овие проекти, Општина Центар исто така, овозможува и бесплатни стоматолошки услуги за пензионерите во соработка со Стоматолошкиот факултет.
„Остануваме посветени на подобрување на условите за живот на нашите највозрасни жители, создавајќи услуги кои нудат безбедност, сигурност и подобро секојдневие за сите пензионери. Продолжуваме со нашата посветеност да се грижиме за нивните потреби и заеднички да ги унапредуваме услугите“, изјави Герасимовски.
Посетата беше како дел од активноста што Герасимовски ја најави минатата недела – да ги посети сите осум пензионерски клуба на територијата на Општина Центар и лично да се запознае со потребите на повозрасните сограѓани.
]]>Герасимовски, истакна дека во Центар функционираат осум клубови кои претставуваат важен простор за дружење на сите пензионери, размена на искуства и ангажирање во разни активности.
„Овие клубови не само што им овозможуваат на повозрасните центарци да останат активни, туку и ја намалуваат нивната социјална изолација, создавајќи средина во која можат да градат нови пријателства и да учествуваат во едукативни и забавни содржини. Среќен сум што уште во првата година од мојот мандат во нашата општина отворивме три нови клуба за нашите повозрасни центарци. Грижата за пензионерите мора да биде приоритет на секоја општина. Тие се луѓето кои својот живот го вложиле во развојот на нашата држава, во наш личен развој да не изградат како одговорни индивидуи, и ние како локална самоуправа имаме обврска да им го подобриме секојдневието. Пензионерските клубови се место каде што тие можат да се дружат, да се рекреираат и да останат активни, ние продолжуваме да вложуваме во нив. Животот е убав во секоја доба“, рече Герасимовски.
Општина Центар останува посветена на поддршката на пензионерите, имплементирајќи проекти кои ќе придонесат за нивен поквалитетен и подостоинствен живот.
]]>
„Општина Центар постојано вложува во проекти и услуги за подобар живот на повозрасните граѓани. Постојано сме во контакт со нашите пенионери и пензионерски клубови со цел да ги слушнеме нивните реални потреби и да им излеземе во пресрет. Имаме голем број проекти, што ги реализираме со Црвениот крст и здружението Хуманост и со кои обезбедуваме конкретна помош и поддршка”, истакна градоначалникот Горан Герасимовски во интервјуто за „Трето доба“ на МРТВ.
Тој посочи дека еден од многуте проекти е и успешната и одлично прифатена услуга „Центар се грижи за возрасните“, која се спроведува во соработка со Хуманост.
„Ова е одличен проект кој опфаќа 90 домаќинства. Во моментов има слободни места за нови корисници. Можат да се пријават наши повозрасни граѓани на коишто им треба одредена помош, физичка нега, помош низ дома. Нашите служби преку Хуманост неколку пати неделно ги посетуваат повозрасните жители кои живеат сами и на кои им е потребно да им се помогне во нивните секојдневни домашни обврски. Оваа услуга ја подобруваме секоја година, со цел да стигнеме до што поголем број наши сограѓани”, објасни Герасимовски.
Посебно внимание се посветува на здравствената заштита. Општината за пензионерите обезбедува континуирани бесплатни стоматолошки прегледи во соработка со Стоматолошкиот факултет.
Дополнително, Општина Центар во соработка со Црвениот крст на град Скопје обезбедува поддршка преку услугата „Итно копче“.
„Со Црвениот крст на Град Скопје потпишавме договор за услугата ‘Итно копче’. Повикот е во тек. Оваа услуга им овозможува на нашите жители над 65 години, во случај на итна потреба, да им се обезбеди итна помош во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година. Се постави посебна алармна алка и рутер во домаќинството за да се пријави здравствениот проблем до Црвениот крст, со цел тие да реагираат и да им излезат во пресрет,“ истакна Герасимовски.
Герасимовски додаде дека Општина Центар во соработка со Црвениот крст обезбедува бесплатен транспорт до болниците,, која би можеле да ја користат одредени повозрасни жители.
„Услугата е воведена од минатата година и се однесува на лица над 18 години. Полнолетните лица што користат ортопедско помагало инвалидски колички, дубаци или одалки како и граѓаните кои поради болест се во лежечка состојба односно неподвижни можат да користат бесплатен превоз до било која здравствена установа во Скопје”, посочи градоначалникот.
„Во последните три и пол години, откако сум на функција, 0 денари во кабинетот се потрошени на службени дневници, патувања или непопуларни кафеански трошоци. Средствата ги насочуваме кон реални проекти и поддршка на граѓаните – пензионерите, социјално загрозените и лицата со попреченост”, потенцираше Герасимовски.