> Стипендии – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Wed, 17 Sep 2025 12:04:50 +0000 en-US hourly 1 Оглас за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науки, техника и посебни вештини од основните училишта во Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5-9/ Wed, 17 Sep 2025 12:04:00 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26308 Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24)  ), а во врска со точка 2 од Програмата за образование за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 13/24), градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науки, техника и посебни вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2025/2026 година

 

 

Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје;
  • да оствариле континуиран успех одличен (5,00) во текот на школувањето во VI, VII и во VIII одделение

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на науки, техника и посебни вештини во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2022 година:

  • прво место градски (општински) натпревар (0,5 бода);
  • прво место регионален натпревар (1 бод);
  • прво или второ место на државен натпревар (2 бода или 1,5 бода);
  • прво или второ место на меѓународен натпревар (3 бода или 2,5 бода);
  • добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
  • се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
  • право на разгледување имаат само дипломи од здруженија, организации, друштва, асоцијации и сл. акредитирани од МОН.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатот треба да достави:

  • потврда од училиштето дека е редовен ученик;
  • биографија;
  • контакт телефон на родител-старател;
  • фотокопии од свидетелствата од VI до VIII одделение;
  • фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науки, техника и посебни вештини од VI до VIII одделение, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2022 година.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

– Стипендијата изнесува 3.000,00 денари и 3.500,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;

– За освоени од два (2) до пет (5) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари;

– За освоени повеќе од пет (5) бода стипендијата изнесува 3.500,00 денари.

 

V Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науки, техника и посебни вештини од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар“.

Пријавите ги разгледува и по нив одлучува општинската комисија формирана за овој Оглас.

 

VI Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 23.9.2025 година.

Нема да се разгледуваат документите што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.

 

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
  • Комисијата го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години, односно се вреднува успехот постигнат од 1.9.2022 година.

 

VII Решенија за стипендии според одлука на Комисијата

Општина Центар-Скопје има цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите. Во согласност со одлуката на Комисијата за спроведување постапка за доделување стипендии, градоначалникот донесува решенија. Доколку од некое училиште нема ученик што целосно ги исполнува критериумите и условите, Комисијата избира ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања и својата одлука за тоа му ја доставува на градоначалникот за донесување решение.

]]>
Оглас за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од основните училишта во Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5-6/ Wed, 17 Sep 2025 10:59:43 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26305 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 05/02 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), а во врска со точка 4.17 од Програмата за  култура за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 13/24), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2025/2026 година

 

Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје;
  • да оствариле континуиран успех одличен (5.00) во последните три учебни години.

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на културата  (сите видови на уметност) во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот од натпреварите постигнат од 1.9.2022 година:

  • прво место градски (општински) натпревар (0,5 бод);
  • прво место регионален натпревар (1 бод);
  • прво или второ место државен натпревар (2 или 1,5 бода);
  • прво или второ место меѓународен натпревар (3 бода или 2,5 бода);
  • добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
  • се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
  • право на разгледување имаат само дипломи од лиценцирани организатори на натпревари;
  • ќе се признаваат дипломи од меѓународни натпревари со учество на минимум пет држави.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатот треба да достави:

  • потврда од училиштето дека е редовен ученик;
  • биографија;
  • контакт телефон на родител-старател;
  • фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на културата од последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот од натпреварите постигнат од 1.9.2022 година;
  • фотокопии од сведителства за постигнат успех во последните три учебни години.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

  • Стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;
  • За освоени од пет (5) до четириесет (40) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;
  • За освоени повеќе од четириесет (40) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

 

V Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје“.

Пријавите ги разгледува и по нив одлучува општинска комисија формирана за овој Оглас.

 

VI Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 23.9.2025 година.

Нема да се разгледуваат документи што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура; науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
  • Комисијата го вреднува индивидуалниот успех постигнат во последните три учебни години, односно се вреднува успехот постигнат од 1.9.2022 година.

                                                     

VII Решенија за стипендии според одлука на Комисијата

Општина Центар-Скопје има цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите. Во согласност со одлуката на Комисијата за спроведување постапка за доделување стипендии, градоначалникот донесува решенија. По исклучок, доколку од некое училиште нема ученик што целосно ги исполнува критериумите и условите, Комисијата избира ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања и својата одлука за тоа му ја доставува на градоначалникот за донесување решение.

 

]]>
Оглас за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од основните училишта во Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4-3/ Wed, 17 Sep 2025 10:55:57 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26302 Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/24), а во врска со точка 5.3 од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бр. 13/24), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

ОГЛАС

за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од

општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во

учебната 2025/2026 година

 

 

       Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини и од I до IX одделение во спортската дисциплина шах од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Услови за доделување стипендија

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да се редовни ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини, освен учениците што се натпреваруваат во шах од I до IX одделение, во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.

 

  1. Критериуми за доделување стипендија

 

Потребно е ученикот-спортист да има постигнување на (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 1.1.2024 година до 31.8.2025 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:

– Освоено прво место (1,5 бода), второ место (1 бод) и трето место (0,5 бода),   на државно првенство;

– Интернационални (меѓународни натпревари во кои учество ќе земат минимум пет држави) прво место (2 бода), второ место (1,5 бода) и трето место (1 бод).

– Балканско првенство прво место (3 бода), второ место (2,5 бода), трето место (2 бода);

– Европско првенство прво место (5) бода, второ место (4) бода, трето место (3) бода и за учество (1) бод;

– Светско првенство прво место (6 бода), второ место (5 бода), трето место (4 бода) и за учество (2 бода);

– Добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод).

 

Учениците што учествуваа и беа прогласени за најдобри играчи, голмани и стрелци во Лига-Центар 2024/2025 се стипендисти.

 

Другите успеси и резултати што не се во согласност со календарот на натпревари од националните и од меѓународните спортски федерации нема да се земат предвид.

 

III. Потребни документи

 

Со барањето ученикот-спортист треба да достави:

– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик од I до IX одделение или е со место на живеење на територија на Општина Центар (копија од лична карта на еден од родителите);

– Биографија на спортистот;

– Контакт телефон на родител-старател;

– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 1.1.2024 година до 31.8.2025 година.

Доказите (дипломи, и билтен со печат од националната федерација) за освоени места за пласман да се достават во копии.

 

  1. Висина на стипендијата и рангирање

 

Стипендијата изнесува 2.500,00 денари, 3.000,00 денари и 3.500,00 денари месечно за осум месеци во текот на учебната година:

– За освоени од три (3) до шест (6) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;

– За освоени од седум (7) до десет (10) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари;

– За освоени повеќе од десет (10) бода стипендијата изнесува 3.500,00 денари.

Кандидатот има право да поднесе апликација доколку претходно нема добиено стипендија од други институции.

 

  1. Начин на пријавување

 

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.

 

  1. Рок за поднесување документи

 

Краен рок за поднесување документи е 23.9.2025 година.

Документите на кандидатите што не се комплетни и не се навреме доставени нема да се разгледуваат.

 

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
]]>
Герасимовски во посета на еден од нашите корисници на стипендии по повод Меѓународниот ден на образованието https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%b5%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%b0%d1%88%d0%b8/ Fri, 24 Jan 2025 12:31:44 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23790 Ена Рахиќ е одлична ученичка од деветто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј”. Таа ги посетува сите натпревари по математика, освојува награди, а годинава по втор пат ќе учествува на математичката јуниорска олимпијада што ќе се одржи на Природно математички факултет.

Ена, две години е корисничка на стипендија што Општина Центар ја доделува за талентирани ученици. Среќен сум што денеска, на Меѓународниот ден на образование имавме можност да ја запознаеме и да и посакаме многу петки и успех на натпреварите што претстојат.

 

]]>
Герасимовски врачи 33 стипендии за извонредни успеси во областа на науката, техниката и посебните вештини https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d1%80%d0%b0%d1%87%d0%b8-33-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%be/ Wed, 30 Oct 2024 12:43:26 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22929 Општина Центар додели 33 стипендии на учениците од основните училишта за постигнатите резултати на државните и меѓународни натпревари, со цел да ги поддржи и мотивира за понатамошен напредок во науката, техниката и посебните вештини.

„Го препознаваме талентот кај нашите млади и инвестираме во развивање на нивните способности. Вложувајќи во нивниот потенцијал, вложуваме во прогресот и иднината“ истакна градоначалникот Горан Герасимовски, кој лично им ги врачи стипендиите на учениците на свечената приредба организирана во ООУ „Киро Глигоров“ по повод Денот на општината.

Стипендиите, во износ од 3.000 и 3.500 денари месечно, ќе се исплаќаат до крајот на учебната година.

На настанот беа доделени и пофалници за најдобрите ликовни и литературни творби на тема „Мојот Центар, мојот мал свет“.
Покрај стипендиите за наука, техника и посебни вештини, вчера Герасимовски врачи и 46 стипендии на надарените ученици од областа на културата.

Општина Центар ќе продолжи да вложува во стипендирање на учениците со постигнати резултати на градски, републички и меѓународни натпревари, бидејќи тоа е влог во иднината и просперитетот.

]]>
Градоначалникот Герасимовски додели решенија за стипендии наменети за деца од семејства со социјален ризик https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb-2/ Sun, 27 Oct 2024 09:28:27 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=22891 Денеска на гости во кабинетот на градоначалникот на Општина Центар беа талентирани и посветени ученици од основните училишта на Општина Центар.

Градоначалникот ги покани за да им врачи решенија за стипендии, наменети за деца од семејства со социјален ризик.

Овие ученици не се избрани поради нивната материјална состојба, туку поради трудот и постигнувањата што ги покажуваат.

Се надеваме дека стипендиите од 3.000 денари месечно ќе им бидат од корист и ќе им бидат од помош во домашниот буџет.

Покрај решенијата за стипендиите, вкупно осум, им подготвивме и шаховски табли, книги и училиштен прибор, со желба овие подароци да бидат поддршка во нивното учење и развој.

]]>