> Урбанизам – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Mon, 22 Sep 2025 09:35:20 +0000 en-US hourly 1 Герасимовски го претстави тимот за урбанизам, еминенти урбанисти и архитекти на листата https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d1%82%d0%b8%d0%bc%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%80/ Mon, 22 Sep 2025 09:34:09 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26349 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го претстави тимот од Комисија за урбанизам, составен од врвни архитекти и експерти кои работат на современи и одржливи урбанистички решенија за општината. Танкица Христова Спасовска, м-р Биљана Насковиќ, м-р Дамјан Цингарски, Александра Марсениќ Крајчески, Ана Лукиќ Коробар, д-р Маја Лазаревска и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља е тимот што работи на планови за хуман развој и одржлива урбанизација со акцент на зеленило, велосипедизам, подземни паркинзи, јавни плоштади и квалитетно партерно уредување. Тимот ќе продолжи да се надградува и проширува со нови експерти, со цел уште посеопфатно да одговори на предизвиците на современиот урбан развој.

„Ова е тимот од еминентни урбанисти и архитекти. Работиме транспарентно и инклузивно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност во процесот на донесување урбанистички планови. Ние сме лидер во промените, со храбри и визионерски одлуки секогаш во интерес на центарци. Прифатена е иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти, што подоцна се преточи во законско решение, кое беше победа не само за нашата општина, туку и за сите општини во државата. Со одлуките што ги донесовме, воведовме нови стандарди усогласени со европските практики. Секое издавање дозвола за градба мора да предвидува паркинг-места за велосипеди, а употребата на механизирани системи за паркирање е ограничена на максимум десет проценти од вкупниот број паркинг-места. Деталните урбанистички планови за Буњаковец и Дебар Маало предвидуваат зголемување на зелените површини, враќање на парковите и јавните простори на граѓаните, како и задржување и проширување на дрворедите и велосипедските патеки долж главните улици“, вели Герасимовски.

Тој потенцира дека приоритет на општината е обезбедување повеќе зеленило и јавни простори, современа инфраструктура и функционален сообраќаен систем со решенија за паркирање кои ќе го намалат метежот.

„Работиме на изградба и уредување на велосипедски патеки и јавни плоштади, воведуваме ред во градежните зони со обврска оградувањето на градилиштата да биде исклучиво во рамки на градежната парцела и ја сопираме злоупотребата на рамните кровови кои досега се користеа како тераси. Урбанизмот е клучен инструмент за создавање квалитетен и одржлив животен простор. Како врвен приоритет го поставивме рационалното искористување на просторот, уредувањето на јавните површини и обезбедувањето рамнотежа помеѓу станбените, деловните и рекреативните зони“, додава Герасимовски.

Општина Центар активно инвестира и во реконструкција на постари станбени згради со цел тие да станат енергетски поефикасни и да се намалат трошоците на домаќинствата.

]]>
Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d1%98%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0/ Tue, 13 May 2025 09:11:27 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=25229 Општина Центар ја расчисти спорната парцела зад зградата на улицата „Киро Крстевски – Платник“, каде што претходно беше лоцирана диво изградена конструкција.

 

„Имавме неколку  средби со жителите од околните згради и ќе излеземе во пресрет на нивните барања. Просторот ќе добие намена која ќе биде во функција на граѓаните и по нивна мерка“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

 

Станува збор за простор од приближно 500 м², кој по години неизвесност конечно премина во сопственост на Општина Центар. Благодарение на соработката со Комерцијална банка АД Скопје, која претходно ја имаше оваа парцела под хипотека, земјиштето беше донирано на локалната самоуправа.

 

Одлуката за прифаќање на донацијата беше едногласно изгласана од Советот на Општината. Со тоа се овозможи уривање на нелегално изградената градба, а Општината ги презеде сите активности за расчистување на теренот.

 

Следниот чекор е општинските служби, во соработка со локалните жители, да го дефинираат најдоброто решение за уредување на просторот. Целта е создавање похумана и уредена околина, со баланс меѓу зеленило и функционален јавен простор, без нови градби и  во согласност со потребите на граѓаните.

]]>
Герасимовски: Архитектонските решенија на увид на граѓаните, следен чекор е изградба на новата општинска зграда https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%b5%d0%bd/ Wed, 05 Mar 2025 09:18:23 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24509 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја отвори архитектонската изложба „Општина за нас“ во КСП Центар – Јадро, каде граѓаните ќе имаат можност да ги разгледаат идејните решенија од конкурсот за новата општинска зграда.

Честитајќи им на авторите на трите наградени решенија, Герасимовски истакна дека очекува оваа визија за современа, отворена и достапна општина наскоро да стане и реалност.

„Наша цел не е само изградба на нова административна зграда, туку создавање функционален простор кој ќе одговори не само на потребите на вработените, туку и на граѓаните.. Комплексот ќе биде модерен, енергетски ефикасен со подземен паркинг со капацитет од околу 300 возила и простор за 100 велосипеди, конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето во централното градско подрачје“, изјави Герасимовски.

На конкурсот за новата општинска зграда, преку транспарентна и професионална постапка беа наградени три најдобри решенија.
Првата награда ја доби идејното решение под шифрата „НАМАТ“, чиј авторски тим го сочинуваат Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски. Тимот доби парична награда од 750.000 денари.

Втората награда ја доби проектот под шифра „ЧКЛАБ“, дело на авторскиот тим од ПЛАТФОРМА ДОО Скопје во состав: Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ Муратовска, Ана Галевска Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров и Матеа Јегени. Нивната награда изнесува 400.000 денари.

Третата награда ја освои идејното решение под шифра „СЦЕНА“, чиј авторски тим го сочинуваат Митко Хаџи-Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска, со парична награда од 300.000 денари.

Изложбата останува отворена за посетителите во наредните седум дена, нудејќи им можност да се запознаат со визиите за новиот современ лик на Општина Центар.

 

 

]]>
Јавен повик за утврдување на начинот, условите и постапката за доделување локации за поставување на подвижни објекти на Општина Центар – Скопје https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%82%d0%b2%d1%80%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%82-%d1%83/ Wed, 19 Feb 2025 09:09:22 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24205

Врз основа на член 3 од Одлуката за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други направи, и определување на локации за нивно поставување на подрачјето на Општина Центар – Скопје („Службен гласник на Општина Центар – Скопје” бр.2/2024), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје објавува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за утврдување на начинот, условите и постапката за доделување на локации за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на подрачјето на Општина Центар Скопје

  1. Предмет

1.1. Предмет на јавниот повик е утврдување на начинот, условите и постапката за доделување на локации за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на подрачјето на Општина Центар – Скопје.

1.2. Подвижните објекти, подвижните апарати и другите подвижни направи ќе се поставуваат на 14 локации на подрачјето на Општина Центар – Скопје

1.3. Локациите од потточката 1.2 се утврдени во графичкиот приказ кој е составен дел на Одлуката за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други направи, и определување на локации за нивно поставување на подрачјето на Општина Центар – Скопје („Службен гласник на Општина Центар – Скопје” бр.2/2024).

1.4. Под подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, во смисла на оваа Одлука се подразбираат објекти на сопствен погон или направи кои немаат сопствен погон на движење, односно претставуваат специјализирани возила за улична продажба со должина до 4 метри и висина до 3 метри, во кои можат да се даваат конфекционирани угостителски услуги кои немаат негативни еколошки влијанија врз околината (користат агрегат за напојување со струја со ниска бучавост кој е високо квалитетен, немаат индустриски агрегат и поседуваат сертификат за ниска емисија на штетни гасови), доколку ги исполнуваат минимално-техничките услови, како и други услови пропишани со закон.

1.5. Максималната површина која може да ја зафаќа подвижниот објект, подвижниот апарат и друга направа е утврдена со табелата од потточка 3.9. Во максималната површина на локацијата треба да се опфатени подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа, манипулативен простор, урбана опрема во функција на користењето на локацијата и сл.

1.6. Подвижните објекти, подвижните апарати и другите подвижни направи, поставени на определена локација, може да се користат за конфекционирани угостителски услуги – продажба на јадења приготвени во конфекционирана состојба (претходно подготвени во деловната просторија и спакувани), за безалкохолни пијалаци, напивки, за сладолед, пијалоци, кондиторски производи, подготвување на пуканки, шеќерна волна, крофни, палачинки и слични производи.

1.7. Подвижните објекти, подвижни апарати и други подвижни направи не треба да содржат озвучување или аудио системи за пуштање музика.

1.8. На урбаната опрема од потточка 1.6 на јавниот повик може да се поставуваат рекламни натписи не поголеми од димензиите на предниот дел на објектот на кој се поставуваат и нивната димензија (висина и широчина) е составен дел на вкупната димензија на објектот.

1.9. На локациите од потточката 1.2 од јавниот повик може да се поставуваат подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи кои имаат дизајн и изглед кој не го нарушува амбиентот на околината каде се поставени.

 

  1. Временска рамка за користење на локациите

2.1. Локациите на кои е поставена урбаната опрема – подвижните објекти, подвижните апарати и други подвижни направи се даваат на користење за период од 12 месеци.

 

  1. Услови и постапка

3.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите правни и физички лица со регистрирана дејност заинтересирани за користење на локациите од потточката 1.2 од јавниот повик.

3.2. Барателот треба да има регистрирано дејност во Централен регистар на Република Северна Македонија или во Занаетчиската комора на Република Северна Македонија.

3.3. Кон барањето за користење на локацијата за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, Барателот е должен да ја достави следната документација:

  • Барање за издавање на одобрение за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи (формулар бр.1 во прилог на јавниот повик);
  • Доказ за регистрирана дејност од Централниот регистар на Република Северна Македонија или Занаетчиската комора на Република Северна Македонија;
  • Потврда/Пријава за исполнување на минимално – технички услови за вршење дејност согласно Законот за угостителската дејност;
  • Скица со искотирани димензии (должина, ширина, висина) во кои се опфатени подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа, агрегатот, манипулативниот простор, како и урбаната опрема во функција на користењето на локацијата – корпа за отпадоци и сл.;
  • Текстуален опис на подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа (типот на објектот, погонот на кој се движи, типот на агрегатот со кој ќе се напојува, изгледот кој не го нарушува амбиентот на околината и сл.) и на дејноста која ќе се врши на локацијата;
  • Фотографии од подвижниот објект, подвижниот апарат или друга подвижна направа (реални или од каталог);
  • Уплатница од 1.000,00 денари на ПП50 образец (тарифен број 93) или доказ за електронски извршена уплата преку терминал на сметка на Општина Центар;
  • Изјава за плаќање на паричен износ за покривање на трошоците за уредување и одржување на јавна површина која се користи за поставување на урбаната опрема за целиот период на важење на одобрението (формулар бр.2 во прилог на јавниот повик);

3.4. На заинтересираните субјекти кои ги исполнуваат условите од потточка 3.3 ќе им биде одобрено користење на локација за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, согласно принципот „Прв дојден – прв услужен” (заведени во ден, час, минута, секунда);

3.5. Пред добивање на одобрение за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, а по известување дека е избран, субјект е должен да склучи договор со ЈП Паркинзи на Општина Центар – Скопје и да достави Решение за регистрација на мобилен објект издадено од Агенција за храна и ветеринарство, во рок од 10 дена од денот на добивање на известувањето, како и да ја подмири обврската кон ЈП Паркинзи на Општина Центар – Скопје за одржувањето на јавните површини на кои се одобрува поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, согласно Ценовникот за услуги за вршење на вонредни активности на ЈП Паркинзи на Општина Центар – Скопје.

3.6. Избраниот правен субјект е должен да плати комунална такса согласно важечките прописи.

3.7. Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од денот на објавување на јавниот повик на официјалната интернет страница на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk

3.8. Барањето (формулар бр.1), Изјавата (формулар бр.2) и графичкиот приказ на локациите може да се подигнат од Архивата на Општина Центар – Скопје во барака број 6, на ул.„Михаил Цоков“ бр.1 – Скопје или од официјалната интернет страница на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk

3.9. Локациите се дефинирани со реден број, име на локација, координати (y,x) и димензии и се дадени во следната табела:

3.10. Барателот може да аплицира најмногу за 3 (три) локации од потточка 3.9. во едно барање, наведени по приоритет. (Со едно барање се аплицира за доделување на само една локација.)

3.11. Барателот може да добие одобрение за најмногу 2 (две) локации.

3.12. Одобрението може да се одземе во следните ситуации:

  • доколку носителот на одобрението не поднесе документи од точка 3 потточка 3.5;
  • доколку надлежните инспектори на Општина Центар – Скопје утврдат дека носителот на одобрението не ги почитува условите под кои е издадено Одобрението;
  • редовно не ја отстранува урбаната опрема на крајот на денот.

3.13. Барањето со целокупната документација од точка 3 потточка 3.3, треба да се достави преку архива на Општина Центар – Скопје, до Сектор за урбанизам, со назнака – ЈАВЕН ПОВИК (за утврдување на начинот, условите и постапката за доделување на локации за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на подрачјето на Општина Центар – Скопје).

3.14. Градоначалникот на Општина Центар – Скопје формира Комисија за спроведување на Јавниот повик (во понатамошниот текст Комисија).

3.15. Комисијата е задолжена да ги разгледа поднесените барања и да му предложи на Градоначалникот на Општина Центар – Скопје, листа со баратели кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

3.16. Доколку поднесените барања со придружната документација се неуредни (нечитливи) или некомплетни, Комисијата ќе ги отфрли како нецелосни и истите нема да ги разгледува, за што го известува Барателот.

3.17. Градоначалникот на Општина Центар – Скопје, врз основа на поднесениот предлог на Комисијата од потточка 3.15. ќе донесе Решение за избор на субјекти на кои ќе им се доделат локации за поставување на урбана опрема.

3.18. Учесниците на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка согласно Решението од потточка 3.17.

3.19. Општина Центар – Скопје може да го поништи јавниот повик доколку:

  • Не е пристигнато ниту едно барање;
  • Барањата кои се пристигнати не ги исполнуваат условите утврдени во точка 3 од јавниот повик;
  • Не се донесе решение за доделување на локации за поставување на урбана опрема согласно потточката 3.17 на јавниот повик.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Предлог формулар

Предлог – Изјава

ЛИСТА НА ЛОКАЦИИ

 

                                             

 

]]>
Герасимовски: По педесет години, целосно се реконструира салата „Работнички“ https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be-%d0%bf%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%81%d0%b5%d1%82-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%81/ Wed, 25 Dec 2024 11:02:39 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=23555 Општина Центар започна со целосна реконструкција на салата „Работнички”, која со децении беше во катастрофална состојба – запуштена, оштетена и без основни услови за тренинзи и натпревари.

„Со оваа реконструкција го враќаме достоинството на овој спортски симбол на нашата општина, дом на македонската кошарка. Многу мои претходници ветуваа решенија и проекти на хартија, но без реализација. Откако годинава ја добивме надлежноста врз објектот, веднаш почнавме со работа. Реконструираниот простор целосно ќе ги исполнува ФИБА стандардите, а  КК ,,Работнички” ќе добие современа сала за тренинзи и натпревари, што ќе овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена”, изјави градоначалникот Горан Герасимовски на прес конференцијата.

Активностите на терен веќе во полн ек. Се поставува нова фасада и кров, а првата фаза опфаќа целосна реконструкција на канцелариските простории каде беа сместени спортските федерации.

Втората фаза предвидува реконструкција на теренот, негово проширување, поставување нова еластична подлога според стандардите на ФИБА,  реконструкција  на гледалиштето со нови седишта, како и на  соблекувалните и туш кабините, и поставување на климатизација и подно греење.

„Со оваа целосна реконструкција, салата ,,Работнички” ќе стане современа и енергетски ефикасна, целосно прилагодена за врвни спортски настани”, додаде Герасимовски.

Општина Центар, вложувајќи во спортската инфраструктура и притоа почитувајќи ги меѓународните стандарди, активно придонесува за унапредување на спортот во Македонија.

]]>
Општина Центар: Издадени се 19 правосилни одобренија за градење во периодот од ноември до мај 2024 година https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%b8%d0%b7%d0%b4%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%b5-19-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be%d1%81%d0%b8%d0%bb%d0%bd/ Mon, 17 Jun 2024 08:10:26 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=21653 Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадени правосилни одобренија за градење, доградба и надградба и линиска инфраструктура на територијата на Општината.

Од месец ноември 2023 година, заклучно со мај 2024 година, издадени се вкупно 19 правосилни одобренија за градба, од кои 17 се одобренија за градба и 2 одобренија за доградба или надградба.

Општина Центар е прва Општина во државата која воспостави практика со објавување на издадените одобренија за градење, поставувајќи позитивен пример и за останатите општини, како во Скопје, така и во целата земја.

Полугодишен извештај за одобренија за градба

]]>
Герасимовски: Се финализира доградбата на ООУ „Коле Неделковски“ https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0/ Mon, 13 May 2024 10:55:43 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=21213 Со поставување на фасадата привршуваат градежните работи на доградбата на ООУ „Коле Неделковски“ со што ќе се прошират капацитетите на ова центарско училиште. Во делот што е дограден ќе има 6 училници, од кои 4 ќе бидат за настава, ќе има 2 кабинета, ќе има една библиотека и една простории за администрација.

Поставена е и рампа за лица со попреченост, а во тек е и поставување на лифт за лица со инвалидитет, а во приземјето ќе има и тоалет наменет за нив. Работата на фасадата треба да заврши за дваесетина дена со што дополнителниот дел ќе се вклопи во целосниот лик на училиштето.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид на градежните работи на објектот кој треба да биде готов до почетокот на учебната година во септември.

„Со доградбата на капацитетите се отвора простор за 100 нови ученици кои наставата ќе ја следат во училници кои се соодветни на модерните услови во кои треба да се одвива образованието. Инклузивноста е клучна. Преку рампата и лифтот за лица со попреченост ќе имаат непрeчен пристап во училиштето’’, рече Герасимовски.

Проширувањето на капацитетите во ООУ „Коле Неделковски“ се изведува согласно сите современи стандарди, дел од фасадата е структурална, а прозорците се алуминиумски со висок квалитет. Оваа инвестицијата во училиштето е прва после 66 години од неговото отворање. Општина Центар ќе продолжи да вложува во унапредување на условите за воспитување и образование на децата според модерни, европски и светски стандарди.

]]>
Герасимовски: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа на општината https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%84%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0/ Thu, 28 Mar 2024 11:38:19 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=20602 Општина Центар извојува победа. Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски до ЗЕЛС, Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.
Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им се дава можност за конфискација на бесправно изградените објекти на нивна територија и нивна пренамена во функција на општината.

„Општина Центар е лидер во промени, лидер во храбри и позитивни одлуки и решенија во полза на граѓаните. Прифаќањето на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти и нејзино преточување во Законско решение е победа на Општина Центар но и сите други општини во државата. Собранието на 19 овој месец, го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имот на корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, каде во Членот 66 е преточена Иницијативата која ја поднесов до ЗЕЛС со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на општината. Ова значи дека ние општините имаме две можности или да го легализираме објектот или доколку има услови истиот да го урнеме во рок од 6 месеци од прием. Доколку одлучиме да го легализираме, ќе можеме да го дадеме на социјално ранливи категории на граѓаните или на користење за разни културни, пензионерски, младински домови“, посочи Герасимовски денеска пред медиумите.

Герасимовски појаснува дека новото Законско решение налага локалните самоуправи да не можат да го ОТУЃАТ објектот на градежни фирми или други субјекти кои се работат со недвижности, што всушност значи дека се иззема било каква можност за профит на сметка на нелегално изградените објекти. Новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка не се однесува за дивоградбите кои се на приватно земјиште, за кои веќе се води инспекциска постапка за рушење или се води постапка за легализација.На прес-конференцијата Герасимовски потсети дека иако поднесувањето на Иницијативата беше широко прифатена од градоначалниците сепак мораше да ги помине институционалните процедури во Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда и Собранието како законодавен дом.

„Во државата има близу 100 илјади дивоградби, еве во Општина Центар има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, околу 5,5 милиони денари за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Но сега со новото законско решение наместо дувло на бездомници како што најчеста е реалноста дивоградбите ќе можат да се пренаменат и за други потреби односно да бидат или пензионерски домови, креативни работилници или клубови за млади или пак предадени за социјално загрозени семејства“, потенцира Герасимовски.

Герасимовски напоменува дека со донесувањето на ова законско решение ќе се превенира урбанистичкиот хаос, а градежниците ќе треба да се запрашаат дали ќе градат без одобрение за градба. Воедно потсетува градоначалникот дека средствата планирани за уривање на нелегални објекти општините ќе може да ги пренаменат во други потреби за граѓаните.

 

]]>
Архитектонска изложба на студентски проекти во Центар Јадро https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%bb%d0%be%d0%b6%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8/ Fri, 23 Feb 2024 14:42:17 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=20058 Во КСП Центар – Јадро денес се отвори архитектонска изложба на студенстки проекти за идејно решение за Центар за наука и техника во населба Пролет во Општина Центар. На настанот градоначалникот Горан Герасимовски ги поздрави сите учесници, а свое обраќање имаа и продеканката Ана Тромбева Гаврилоска, професорот Михајло Зиноски и претставник од центарот.

Ова е шеста година по ред како Општина Центар има успешна соработка со Архитектонскиот факултет, каде што колеги архитекти од општината соработуваат со студентите од IX семестар и преку сопстевни искуства и знаења ги водат студентите да одговорат на предизвикот.

„Прекрасни архитектонски решенија за објектот Народна техника како Центар за техничка култура. Им честитам на студентите од Архитектонскиот факултет кои ги изработија овие 14 трудови и покажаа дека поседуваат неверојатна креативност, инспирација и знаење да одговорат на предизвикот за изработка на вака значајни објекти. Верувам дека нивната креативност ќе ја гледаме на други модерни и значајни институции во градот и државата“, изјави Герасимовски.

Изложбата ќе биде отворена до 29 февруари во КСП Центар – Јадро.

 

]]>