> Спорт и млади – Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Wed, 17 Sep 2025 10:55:57 +0000 en-US hourly 1 Оглас за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од основните училишта во Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4-3/ Wed, 17 Sep 2025 10:55:57 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26302 Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/24), а во врска со точка 5.3 од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бр. 13/24), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

ОГЛАС

за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од

општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во

учебната 2025/2026 година

 

 

       Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини и од I до IX одделение во спортската дисциплина шах од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Услови за доделување стипендија

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да се редовни ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини, освен учениците што се натпреваруваат во шах од I до IX одделение, во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.

 

  1. Критериуми за доделување стипендија

 

Потребно е ученикот-спортист да има постигнување на (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 1.1.2024 година до 31.8.2025 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:

– Освоено прво место (1,5 бода), второ место (1 бод) и трето место (0,5 бода),   на државно првенство;

– Интернационални (меѓународни натпревари во кои учество ќе земат минимум пет држави) прво место (2 бода), второ место (1,5 бода) и трето место (1 бод).

– Балканско првенство прво место (3 бода), второ место (2,5 бода), трето место (2 бода);

– Европско првенство прво место (5) бода, второ место (4) бода, трето место (3) бода и за учество (1) бод;

– Светско првенство прво место (6 бода), второ место (5 бода), трето место (4 бода) и за учество (2 бода);

– Добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод).

 

Учениците што учествуваа и беа прогласени за најдобри играчи, голмани и стрелци во Лига-Центар 2024/2025 се стипендисти.

 

Другите успеси и резултати што не се во согласност со календарот на натпревари од националните и од меѓународните спортски федерации нема да се земат предвид.

 

III. Потребни документи

 

Со барањето ученикот-спортист треба да достави:

– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик од I до IX одделение или е со место на живеење на територија на Општина Центар (копија од лична карта на еден од родителите);

– Биографија на спортистот;

– Контакт телефон на родител-старател;

– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 1.1.2024 година до 31.8.2025 година.

Доказите (дипломи, и билтен со печат од националната федерација) за освоени места за пласман да се достават во копии.

 

  1. Висина на стипендијата и рангирање

 

Стипендијата изнесува 2.500,00 денари, 3.000,00 денари и 3.500,00 денари месечно за осум месеци во текот на учебната година:

– За освоени од три (3) до шест (6) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;

– За освоени од седум (7) до десет (10) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари;

– За освоени повеќе од десет (10) бода стипендијата изнесува 3.500,00 денари.

Кандидатот има право да поднесе апликација доколку претходно нема добиено стипендија од други институции.

 

  1. Начин на пријавување

 

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.

 

  1. Рок за поднесување документи

 

Краен рок за поднесување документи е 23.9.2025 година.

Документите на кандидатите што не се комплетни и не се навреме доставени нема да се разгледуваат.

 

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
]]>
Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d0%be%d1%82-%d1%98%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b2%d0%b8%d0%b2%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b4/ Thu, 14 Aug 2025 11:48:34 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26070

Вчера, околу триесет деца, придружени од нивните родители, учествуваа на спортската дружба со македонскиот атлетичар Кокан Ајановски. На настанот, дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“, децата од Центар имаа шанса да учат за атлетиката како спортска дисциплина, да трчаат и да се забавуваат покрај Кејот на Вардар.

Родителите ја поздравија активноста што ја организираше Општина Центар, која ги поттикнува центарските деца да бидат активни и да го поминуваат летото на креативен и здрав начин. Атлетиката и трчањето, како основни спортови, не само што помагаат за физичката кондиција, туку ја развиваат и самодовербата, дисциплината и тимскиот дух, што е клучно за развојот на младите.

„Со овие активности се обидуваме да понудиме нешто повеќе за нашите млади центарци. Спортот е најдобриот начин да растат активни и здрави, а ваквите настани се важен дел од нивниот развој. Се радувам што имавме одлично присуство и енергија. Ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите активности и во иднина. Благодарност до нашиот Кокан Ајановски и Паблишер за соработката, на дечињата им приредивме убава спортска дружба“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Проектот „На одмор сум, во Центар сум“ продолжува со нови активности овој месец со културни и рекреативни содржини за децата кои го поминуваат летото во Центар, во Скопје.

]]>
Герасимовски: Утре ве чекаме на Кеј на детска атлетика со Кокан https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%83%d1%82%d1%80%d0%b5-%d0%b2%d0%b5-%d1%87%d0%b5%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b5%d1%98-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4/ Wed, 13 Aug 2025 06:39:43 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26064 Утре, среда, 13 август, со почеток во 19:00 часот, сите деца кои се во Скопје ќе имаат можност да бидат дел од незаборавна спортска дружба со познатиот македонски атлетичар Кокан Ајановски. Настанот ќе се одржи кај скалите под Хотел „Парк“ на Кејот на Вардар, во организација на Општина Центар, како дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“.

Градоначалникот Горан Герасимоски порачува дека децата ќе се запознаат со атлетиката како спортска дисциплина, ќе трчаат заедно со Кокан и ќе поминат исполнета вечер со спорт, насмевки и нови пријателства.

„Ги охрабрувам сите родители да ги донесат своите деца на Кејот на Вардар, заеднички да поминеме една убава вечер исполнета со активности што инспирираат и мотивираат. Утрешната атлетска дружба со Кокан е совршена прилика за нив да се движат, да се забавуваат и да создадат спомени што ќе ги паметат. Ве чекаме утре во 19.00 часот на скалите под Хотел Парк“, вели Герасимовски.

Проектот „На одмор сум, во Центар сум“, кој веќе стана традиција, нуди разновидни спортски, рекреативни и културни активности за учениците кои не заминале на летен одмор, со цел да се поттикне активен и креативен начин на живеење.

]]>
Листа на добитници од Јавниот повик за финансиска поддршка на проекти и активности од областа на спортот https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0/ Tue, 01 Jul 2025 12:00:52 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=25861 Во согласност со Јавниот повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот за 2025 година  број 09-1561/2 од 10.3.2025 година и по Предлогот од членовите на Комисијата за избор на проекти по објавениот Јавен повик бр. 09-1561/50, градоначалникот донесе Решение за избор на проекти со бр. 09-1561/51 од 5.6.2025 година, со кое се усвојуваат барањата на субјектите:

Б.Р. Име на апликант Износ
1. Ана Митевска 80.000,00
2. Пинг-понгарски клуб Вардар Сити Парк 167.000,00
3. ВК Енерџи 40.000,00
4. Михаела Муткова 80.000,00
5. Пливачки и ватерполо клуб Орион 60.000,00
6. Ракометен клуб-Скопје 2020 АД 167.000,00
7. Филип Димовски 60.000,00
8. МК Ендуро тим Водно Скопје 100.000,00
9. Пливачки и ватерполо клуб ВАРДАР 8-Скопје 70.000,00
10. Пливачки клуб Младост

 

70.000,00
11. Младински Шаховски Клуб ЦЕНТАР 30.000,00
12. Училишен спортски клуб „11 Октомври“ 2026 90.000,00
13. Училишен спортски клуб „К.Г.СПОРТ“ Скопје 70.000,00
14. Карате клуб МАКПЕТРОЛ Скопје 167.000,00
15. Мартина Лазаревска

 

80.000,00
16. Надја Трпевска 40.000,00
17. Георг Фармакоски

 

80.000,00
18. Одбојкарски Клуб за Мажи РАБОТНИЧКИ 71&22 – Центар,СКОПЈЕ

 

80.000,00
19. Спортски клуб Димитар Миладинов Скопје

 

70.000,00
20. Училишен спортски клуб „Гоцеви Ѕвездички 2023“ Скопје

 

70.000,00
21. Клуб за гимнастички спортови Партизан „Орце Николов“ Скопје 60.000,00
22. Училишен спортски клуб „ОУКН“ Скопје 70.000,00
23. Светла Младинска Иднина

 

30.000,00
24. Дуња Иванова

 

50.000,00
25. Училишен спортски клуб „КР 2023“ Скопје

 

70.000,00
26. Александра Никифоровски 155.000,00
27. Столе Ѓорѓиевски 30.000,00
28. Атлетски Клуб Центар Скопје

 

60.000,00
29. Женски Кошаркарски Клуб ЖКК Работнички-Скопје 167.000,00
30. Спортско Здружение Вертикал Мултиспорт-Скопје 60.000,00
31. Нина Гуговска 40.000,00
32. Здружение Танцов Спортски Клуб Ритам Плус-Скопје

 

90.000,00
33. Здружение Кошаркарски клуб ЖКК ВАРДАР Скопје 60.000,00
34. БАРНАБАС СКОПЈЕ 167.000,00
35. Здружение фудбалски клуб Мондано Кидс 70.000,00
36. Училишен спортски клуб „КИМ“ Скопје

 

60.000,00
]]>
Герасимовски: Традиционалниот пролетен атлетски крос ги обедини основците од Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bb%d0%b5/ Wed, 16 Apr 2025 09:30:16 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24967 Општина Центар информира дека денеска, на Кејот на реката Вардар, се одржа традиционалниот пролетен атлетски крос, на кој учество зедоа ученици од VI до IX одделение од сите општински основни училишта на територија на Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека традицијата продолжува и задоволен е што од година во година сè повеќе ученици земаат учество.

„Овие настани не само што промовираат здрави навики, туку и го зајакнуваат другарството и спортскиот дух кај младите генерации. Најуспешните ученици беа наградени со медали, дипломи и награди. Им честитам на сите учесници и победници, продолжуваме да ги поддржуваме спортските активности за младите како дел од својата заложба за здрав и активен живот“, вели Герасимовски.

Листа на наградени ученици на Атлетскиот крос – Центар 2025 се:

Прва група: VI и VII одделение – девојки (300 метри)
1 место: Лана Кесиќ – ООУ „Киро Глигоров”
2 место: Теодора Колческа – ООУ „Димитар Миладинов”

3 место: Далија Реџепи – ООУ „Св. Кирил и Методиј”

Втора група: VI и VII одделение – момчиња (400 метри)

1 место: Адам Османовски – ООУ „11 Октомври”
2 место: Максим Малјановски Арнаудовски – ООУ „Димитар Миладинов”
3 место: Марко Ничевски – ООУ „Ј.Х.Песталоци”

Трета група: VIII и IX одделение – девојки (500 метри)
1 место: Марта Димковска – ООУ „Димитар Миладинов”
2 место: Ина Прчоска – ООУ „Димитар Миладинов”
3 место: Катја Самојленко – ООУ „Ј.Х.Песталоци”

Четврта група: VIII и IX одделение – момчиња (600 метри)
1 место: Петар Наневски – ООУ „Гоце Делчев”
2 место: Грегор Јошев – ООУ „Димитар Миладинов”
3 место: Матеј Петредки – ООУ „Св. Кирил и Методиј”

]]>
Герасимовски: Преку едукативни и практични активности ја зголемуваме свеста кај учениците за безбедно учество во сообраќајот https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%83-%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8-%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%ba/ Fri, 11 Apr 2025 09:47:02 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=25020 Денеска, на отвореното спортско игралиште во ООУ „Димитар Миладинов“, успешно се реализираше проектот „И ние децата сме учесници во сообраќајот“, организиран од Општина Центар. Проектот има за цел преку едукативни и практични активности да ја зголеми свеста кај учениците за безбедно учество во сообраќајот.

Во настанот учествуваа вработени од општината, наставници по техничко и физичко образование, како и 24 ученици од 8 основни училишта на територија на општината. Учениците покажаа одлични вештини во возење велосипед на посебно подготвен полигон, поставен од наставниците по техничко образование.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцираше дека општината е посветена на создавање побезбедна средина за децата.

„Преку вакви проекти не само што учиме, туку исто така и градиме одговорни млади учесници во сообраќајот. Настанот беше одличен пример како преку едукација и игра може да се влијае врз свеста за сообраќајната култура кај најмладите”, рече Герасимовски.

Герасимовски ги награди најдобрите учесници со дипломи и вредносни ваучери од Мега спорт во висина од 12.000 денари за прво, 9.000 илјади денари второ и 6.000 денари за трето место. Прво место освои ученикот Димитар Арсиќ од ООУ „Гоце Делчев“, второ место Дамјан Чивчиристовски од ООУ „Киро Глигоров“ и трето место Томи Тодоровски од ООУ „Киро Глигоров“.

„Општина Центар и во иднина ќе продолжи со организирање вакви и слични настани со цел подобрување на безбедноста и едукацијата на младите во сообраќајот”, додаде Герасимовски.

]]>
Лига Центар 2025: Сјајна игра и заслужени победи https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%bb%d0%b8%d0%b3%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-2025-%d1%81%d1%98%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0-%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d1%81%d0%bb%d1%83%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf/ Wed, 09 Apr 2025 08:27:30 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24884 Општина Центар им упатува честитки на сите учесници на ракометните натпревари што се одиграа во рамки на училишната спортска Лига Центар 2025, наменета за учениците од основните училишта на територијата на општината.

Посебна честитка упатуваме до екипата на ООУ „Гоце Делчев“, која го освои првото место и се пласира за понатамошни натпреварувања.

  • Резултати од денешните натпревари во ракомет:
  1. Прво место: ООУ „Гоце Делчев“
  2. Второ место: ООУ „11 Октомври“
  3. Трето место: ООУ „Коле Неделковски“
  •  Најдобри поединци на турнирот:
  1. Најдобар играч: Теодор Кочоски (ООУ „Гоце Делчев“)
  2. Најдобар стрелец: Јован Трајков (ООУ „Коле Неделковски“)
  3. Најдобар голман: Максим Трајковски (ООУ „11 Октомври“)

Им благодариме на сите ученици, наставници и организатори кои придонесоа за успешно одржување на овој спортски настан. Продолжуваме со поддршка и промоција на училишниот спорт и младинските таленти.

 

]]>
Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и активности од областа на спортот https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b4%d1%80%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/ Mon, 10 Mar 2025 10:15:42 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24652 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и “Службен весник на Р.С.М.” бр.202/24), член 4 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување  финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на спортот од интерес за Општина Центар – Скопје бр.08-1187/18 од 27.2.2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.2/2025) и точка 5.4 од Програмата за спорт рекреација на Општина Центар – Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.13/2024), Општина Центар – Скопје распишува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот

 

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување, подобрување и зголемување на спортските успеси на домашен и меѓународен план, Општина Центар-Скопје зема обврска за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот од интерес за Општина Центар, за дејствување во различни области од спортот во општината.

 

  1. УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Проектот треба да содржи минимум три од следните услови за да биде разгледан од  Комисијата за рангирање на пријавите од спортисти-поединци, спортски субјекти, спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции, здруженија на граѓани и регистрирани организации во областа на спортот, од интерес за Општина Центар:

– да е нов и иновативен во полето на спортот,

– да овозможува достапност и пристап во спортот за граѓаните,

– да вклучува активности за различни старосни групи,

– да ги афирмира младите професионалци во полето на спортот,

– да промовира нови и млади спортисти,

– да го афирмираат аматерскиот спорт за различни старосни групи.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО И КРИТЕРИУМИ

Право на учество на Јавниот повик ќе имаат спортисти-поединци, спортски субјекти, спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции регистрирани во Централен регистар со седиште во Општина Центар-Скопје кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– Физичко лице со живеалиште и лична карта во Општина Центар-Скопје

– да се регистрирани како спортски здруженија и други правни лица во областа на спортот во согласност со Законот за спорт, и да има регистрирано седиште во Општина Центар-Скопје

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година

– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението за спорт

– да имаат најмалку една година работно искуство во спортот

– да поднесат извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината ако за претходната година добиле средства преку Јавниот повик од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар за 2024 година.

 

  1. ВИД ПРОЕКТИ ШТО ЌЕ БИДАТ ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАНИ:

Во согласност со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар за 2025 година, физичките лица, клубовите, здруженијата и организациите треба да понудат креативни и иновативни проекти од спортот што со својата активност и квалитет ќе придонесат за промоција на спортот со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општината за следниве приоритетни области и значајни настани:

– Проектот да опфаќа поголем број на млади,

– Проектот да опфаќа организирање и спроведување систем на натпревари,

– Проектот да овозможи активирање на млади спортисти на домашен и меѓународен план,

– Проектот да биде во насока на афирмирање на млади спортисти на домашен и меѓународен терен.

 

  1. КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Проектите ќе се евалуираат од страна на стручна Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар – Скопје која ќе врши рангирање на пријавите и евалуација на проектите и програмските активности од областа во Спортот од интерес за Општина Центар. Комисијата е во состав од 3 члена од Советот на Општина Центар-Скопје и 2 члена-претставници од општинската администрација по објавениот Јавен повик.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ

Критериумите за избор на пријавените апликации за доделување на средства од Буџетот на Општина Центар се оригиналност на идејата, портфолиото на кандидатите и прифатливост на финансиската конструкција за реализација на Проектот.

Проектот треба да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање

– да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот,

– да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот,

– да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот,

– да работи на стимулирање и афирмирање на младите потенцијални спортисти во Општината.

 

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Апликантите-правните субјекти и физичките лица кои учествуваат на Јавниот повик, за исполнување на критериумите се должни да ја достават следнава документација:

– Документација за регистрација на субјектот (тековна состојба, оригинален примерок) не постара од еден месец, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;

– Извештај од спортските здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот за потрошени средства ако од Општина Центар-Скопје добиле средства за реализација на спортски проект или за учество и напредување во одреден спорт за претходната година;

– Потврда за активна трансакциска сметка;

– Финансиски план за потребните средства за реализација на проектот со кој се аплицира;

– Пријава за аплицирање што е поставена на веб-страницата на Општината (www.opstinacentar.gov.mk)

– Копии од прилози, фотографии, награди и др.

Напомена:

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рок за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот.

 

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Проектите или активностите поддржани со овој Јавен повик ќе бидат составен дел од Годишната програма за спорт и рекреација на Општина Центар – Скопје за 2025 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект или активност ќе биде одреден согласно големината и квалитетот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за спорт и рекреација и Буџетот на Општината. Вкупните средства за проектот 5.4  Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот изнесува 3.000.000,00 денари. Физичките лица, клубови, институции и здруженијата учесници на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар –Скопје ќе случи  Договор за финансирање со  субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.

 

Правилник_20250306_111710

Пријава-спорт 2025 (1)

]]>
РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ВО РАКОМЕТ ВО ЛИГА ЦЕНТАР 2024/2025 https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%80%d0%b5%d0%b7%d1%83%d0%bb%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82/ Mon, 24 Feb 2025 11:05:04 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24433 ТАБЕЛА ЗА ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ВО РАКОМЕТ ВО ЛИГА ЦЕНТАР 2024/2025

р.б. училиште одиграни

натпрев.

победа пораз бодови гол разлика
1 ООУ Гоце Делчев 7 7 0 14 153-87
2 ООУ 11 Октомври 7 6 1 12 112-60
3 ООУ Коле Неделковски 7 5 2 10 124-98
4 ООУ Киро Глигоров 7 3 4 6 107-106
5 ООУ Димитар Миладинов 7 3 4 6 83-102
6 ООУ Кочо Рацин 7 2 5 4 92-123
7 ООУ Ј.Х.Песталоци 7 1 6 2 62-109
8 ООУ Кирил и Методиј 7 1 6 2 24-71

 

Првите 4 екипи се пласираа на завршниот турнир. Полуфиналните натпревари се играат помеѓу

  1. ООУ Гоце Делчев – 4.ООУ Киро Глигоров
  2. ООУ 11 Октомври – 3.ООУ Коле Неделковски

 

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО РАКОМЕТ ЛИГА ЦЕНТАР 2024/25

 

Училиште-

играч

1 коло 2 коло 3 коло 4 коло 5 коло 6 коло 7 коло вкупно
Коле Неделковски

Ј.Трајков

5 8 4 14 13 13 15 72
Гоце Делчев

Т.Кочовски

8 7 13 9 8 12 13 70
Кочо Рацин

Б.Илковски

2 15 9 10 14 11 /// 61

]]> РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ВО КОШАРКА ВО ЛИГА ЦЕНТАР 2024/2025 https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%80%d0%b5%d0%b7%d1%83%d0%bb%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%be%d1%88%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b0-2/ Mon, 17 Feb 2025 13:13:15 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=24355 ТАБЕЛА ЗА ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ВО КОШАРКА

   ВО ЛИГА ЦЕНТАР 2024/2025

р.б. училиште одиграни

натпрев.

победа пораз бодови Кош разлика
1 ООУ Кочо Рацин 7 7 0 14 340-213
2 ООУ Димитар Миладинов 7 6 1 12 301-119
3 ООУ Ј.Х.Песталоци 7 4 3 6 186-163
4 ООУ 11 Октомври 7 4 3 8 189-179
5 ООУ Киро Глигоров 7 4 3 8 148-137
6 ООУ Коле Неделковски 7 2 5 4 152-185
7 ООУ Гоце Делчев 7 1 6 2 159-237
8 ООУ Кирил и Методиј 7 0 7 0 35-247

 

Екипите на ООУ Ј.Х.Песталоци,ООУ 11 Октомври и ООУ Киро Глигоров имаат исто бодови,а на финалниот турнир се пласираат ООУ Ј.Х.Песталоци и ООУ 11 Октомври поради подобар меѓусебен скор.

ООУ 11 Октомври – ООУ Киро Глигоров   25 -33

ООУ Ј.Х.Песталоци – ООУ Киро Глигоров  32-17

ООУ 11 Октомври – ООУ Ј.Х.Песталоци  18 – 15

1.ООУ Ј.Х.Песталоци   + 12

2 ООУ 11 Октомври  – 5

3.ООУ Киро Глигоров  – 7

ПОЛУФИНАЛЕ

ООУ КОЧО РАЦИН – ООУ 11 ОКТОМВРИ

ООУ ДИМИТАР МИЛАДИНОВ – ООУ Ј.Х.ПЕСТАЛОЦИ

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ

  1 коло 2коло 3коло 4коло 5коло 6коло 7коло вкупно
7.Поповски ООУ.Д.Миладинов 8 22 20 20 23 29 19 141
    7.Стаменковски ООУ.Кочо Рацин 21 14 7 7 31 / 28 108
  8.Трајков        ООУ К. Глигоров 20 19 11 16 10 / 12 88
7.Спировски ООУ11 Октомври 16 10 4 20 6 22 3       81
    10. Трајков ООУ.К.Неделковск 17 12 15 2 / 12 / 58
  12.Рарановиќ       ООУЈ.Х.Песталоци / 20 7 17 3 9 12 68

]]>