> Општина Центар https://arhiva.centar.gov.mk Thu, 09 Oct 2025 07:36:04 +0000 en-US hourly 1 Тематска прошетка во Општина Центар – „Постземјотресни обележја во Центар“ https://arhiva.centar.gov.mk/%d1%82%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%88%d0%b5%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80/ Thu, 09 Oct 2025 07:36:04 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26479 Со задоволство ве покануваме на тематската прошетка „Постземјотресни обележја во Центар“ посветена на бруталистичката архитектура во Скопје – стил кој го обликуваше идентитетот на градот по земјотресот и сè уште предизвикува љубопитност и восхит.

Заедно ќе истражиме некои од најимпресивните обележја во самиот центар на Скопје, откривајќи ја нивната историја, значење и улога во урбаниот развој на градот.

Турата ги опфаќа следните локации:

  • Градски Ѕид – станбен комплекс што го обликува централното јадро;
  • Пошта – еден од најиконичните објекти во Скопје, смел по форма и визија;
  • Градски трговски центар (ГТЦ) – модернистички пазар и место за средби;
  • Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) – интелектуалното и архитектонско срце на обновата по земјотресот и
  • Новата железничка станица – футуристички влез во градот.

Датум: 11.10.2025

Време: 11:00 часот

Место на средба: Плочник, Градски ѕид, Бул. „Илинден“

Водич: Бојана Јанева

Турата е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2025 година и е отворена за сите жители на Општина Центар – Скопје, со цел да се поттикне дијалог за минатото, сегашноста и иднината на нашиот град низ призмата на архитектурата.

Придружете ни се додека пешачиме, учиме и размислуваме за тоа како брутализмот го обликуваше идентитетот на Скопје.

]]>
Дневен ред за 53. седница на Советот на Општина Центар – Скопје https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%80%d0%b5%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-53-%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf/ Thu, 02 Oct 2025 13:31:51 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26476 Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), се донесува Решение за свикување на 53. седница на Советот на Општина Центар – Скопје. 

 

Седницата ќе се одржи на 9.10.2025 година /четврток/, со почеток во 13.00 часот

Усвојување на Записникот од 52. седница на Советот

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Разгледување на Полугодишниот наративен и финансиски

извештај на Установата од областа на културата Културно

социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО за 2025 година.

 

2. Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни

ствари-прочистувачи на воздух.

 

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.

]]>
Герасимовски: Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%98%d0%bd/ Sat, 27 Sep 2025 08:22:00 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26431 Општина Центар постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации, со цел да им овозможи на граѓаните лесно и бесплатно да се ослободат од овој вид отпад, а воедно да се спречи создавање мини депонии.

Наменските садови со капацитет од по пет кубни метри се распоредени на три клучни места:
– улица „Загребска“ кај КТК
– улица „Борка Талевски“ кај „Вучко“
– улица „Антонио Грубишиќ“ кај кружниот тек во Дебар Маало

Дополнително, девет помали контејнери за кабаст отпад се поставени на:
– улица „Киро Крстевски Платник“
– улица „Мирче Ацев“ (Пролет)
– улица „Кочо Рацин“ (Зелен пазар)
– улица „Васил Ѓоргов“ во Капиштец

„Се соочуваме со вонредна ситуација на дневна база. Преполни контејнери со купишта ѓубре околу нив, поради туѓа негрижа и неработење. Со поставување на овие контејнери, кои нашите служби редовно ќе ги празнат, ќе го намалиме хаосот на јавните површини и ќе обезбедиме правилно одложување на кабастиот отпад и градежниот шут“, порача градоначалникот Герасимовски во видео обраќање.

Наменските контејнери се дел од новата опрема што Општина Центар ја изнајми за собирање смет, откако ЈП „Комунална хигиена“ потфрли во извршувањето на својата обврска, за што граѓаните редовно плаќаат сметки.

Поставените контејнери ќе останат на посочените локации најмалку две недели, а во зависност од потребите ќе бидат преместувани и во други населби.

Оваа мерка е дел од поширокиот план за одржување на чистотата и редот во општината, сè додека надлежната градска институција не ја преземе својата законска обврска.

]]>
Герасимовски на дружба со хигиеничарите: Платите скоро двојно зголемени, се регулира статусот за вработување https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d1%80%d1%83%d0%b6%d0%b1%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%85%d0%b8%d0%b3%d0%b8%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%b0%d1%80/ Fri, 26 Sep 2025 08:29:13 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26459 Градоначалникот Горан Герасимовски, вчера се дружеше со хигиеничарите во Паркот на франкофонија, каде лично им се заблагодари за нивната неуморна работа и посветеност.

„Сакам да ви се заблагодарам за макотрпната работа што ја имате секојдневно и што не ги оставате центарци да живеат во смет. Секој ден ги расчистувате улиците, ги полевате зелените појаси и го разубавувате центарот на градот. Благодарение на вас, целиот смет во Центар е исчистен“ истакна градоначалникот Герасимовски.

Тој потсети дека изминативе години соработката со вработените во хигиената била на завидно ниво и изрази уверување дека и во наредниот мандат ќе продолжи со уште подобра динамика.

„Она што го договаравме на почетокот, скоро целосно го реализиравме, остануваат уште малку работи кои заедно ќе ги довршиме. Во делот на платите го отпочнавме процесот и верувам дека веќе следната година ќе го завршиме. Повеќе од половината од колегите што беа непријавени веќе се регулирани, а останатите наскоро ќе бидат завршени. Исто така, зголемувањето на платите беше и ќе остане наш приоритет, кога ќе расте просечната плата, ќе растат и вашите плати,“ рече Герасимовски, потсетувајќи дека платите во овој сектор во последните години речиси двојно се зголемиле.

Герасимовски, ја нагласи својата подготвеност да остане отворен за барањата на вработените.

„Да знаете дека сме тука, сме биле тука и ќе бидеме тука да заедно се договараме и излегуваме во пресрет на сите ваши барања,“ изјави тој.

]]>
Герасимовски: Нова практика за подобра комуникација со жителите, претставници во секое маало https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80/ Fri, 26 Sep 2025 08:26:27 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26448 Градоначалникот Горан Герасимовски, се сретна со жителите на населбата Кале, каде што ова лето беше целосно реконструирано спортското и детското игралиште. Средбата со граѓаните се одржа токму на ова игралиште, а Герасимовски потенцираше дека сака да воспостави поефикасна и поблиска комуникација со жителите.

„Сакам да направиме одговорни луѓе на урбани заедници во секое маало кои ќе бидат ушите и очите на тоа маало. Сите граѓани што ќе имаат примедби и забелешки ќе можат да ги пренесат на тие одговорни луѓе, кои понатаму ќе соработуваат со Општината за побрзо да ги решаваме проблемите. Ова игралиште е резултат на таквата соработка, за многу кратко време добивме ново и модерно игралиште кадешто се собираат сите генерации“, рече Герасимовски.

Жителите, му се заблагодарија што нивниот апел бил слушнат и сега децата имаат убаво катче кадешто можат да се дружат и социјализираат.

Со реконструкцијата, игралиштето доби нов лик, со современо фудбалско игралиште, нова тревна подлога, летниковец и целосно уредување со рекреативни содржини.

Герасимовски најави дека Општината ќе продолжи да инвестира рамномерно во сите маала и дека во наредниот период ќе се работи на приоритетните барања на граѓаните.

]]>
Герасимовски: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%82/ Fri, 26 Sep 2025 08:24:53 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26443 Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на франкофонија, утрово беше затекнато уништено.

Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле.

Случајот е пријавен во МВР.

„Наместо простор за рекреација, некој избрал деструкција. Покрај тоа, искршено е и фудбалското игралиште во овој парк. Ова, за жал, не е прв ваков случај на вандализам во нашата општина. Апелирам до сите граѓани да го чуваат јавниот простор и заедничките содржини создадени за спорт, рекреација и дружење“, порача Герасимовски .

Новата теретана се состои од 17 справи, а овие денови требаше да се постави и специјална тревна подлога за поголема безбедност при користење.

]]>
Герасимовски на прес-конференција ја презентираше новата механизација за чистење на Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%84%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%98%d0%b0/ Thu, 25 Sep 2025 10:22:10 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26418 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ја презентираше новата механизација и дополнителната опрема што Општината ја обезбеди за справување со хаосот што го создава ЈП „Комунална хигиена“.

„Веќе четири години секој неред што го остава ЈП „Комунална хигиена“ самите ние го расчистуваме, иако граѓаните редовно плаќаат за оваа услуга. Благодарност до нашите работници кои неуморно се ангажираат за чист Центар, но со досегашната механизација веќе не може да се издржи, затоа изнајмивме нова“, истакна Герасимовски.

За таа цел, градоначалникот Горан Герасимовски и директорот на „Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ“ Душко Коцевски потпишаа договор за изнајмување на:
-Ѓубретарки со капацитет од минимум 18 м³ и 10 м³ за собирање и транспорт до депонија,
-Мала цистерна од 0,5 м³ за перење на прометни површини,
-Специјализирана метларка со капацитет од минимум 1,5 м³,
-Метални контејнери од 5 м³ за поставување на територијата на Општина Центар,
– Цистерна со капацитет од минимум 7 м³ за миење и перење улици,
-Возило за подигање и транспорт на метални контејнери,
-Машина за бележење на хоризонтална сигнализација.

Герасимовски нагласи дека со новата механизација веднаш ќе се почне со собирање, чистење и миење на улиците со цел жителите на Центар да имаат чисти улици и достоинствено урбано живеење.

]]>
Герасимовски: Со новата механизација го исчистивме сметот во Центар https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%85%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/ Thu, 25 Sep 2025 10:19:23 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26409 Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека во текот на вчерашниот ден хигиеничарите од општината со новата механизација за чистење го собраа целиот смет од улиците во Центар.

„Целиот смет е собран од центарските улици. Нашите вредни хигиеничари вчера чистеа и во населбата Кале, а потоа со цистерна ги миеја улиците. Самите го исчистивме Центар, додека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ го преплавија цело Скопје со смет. Им благодарам на хигиеничарите што секојдневно се на терен, неуморно работејќи за наша почиста општина“, рече Герасимовски.

]]>
Герасимовски повторно на терен: „Комунална хигиена“ оставиле контејнери на сред булевар, целиот смет околу контејнерите не го собрале https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d1%83/ Wed, 24 Sep 2025 12:03:12 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26404 Градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските хигиеничари и синоќа го чистеа сметот од центарските улици кадешто надлежност има ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Повторно, тој и хигиеничарите ја завршија работата на градската власт која очигледно има кренато раце од хигиената во градот.

Герасимовски, истакнува дека дел од контејнерите вчера биле исчистени од ЈП „Комунална хигиена“, но целиот смет околу контејнерите е оставен на улица, а неколку контејнери дури и ги оставиле да стојат сред булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов кадешто се движат возила.

„Повторно сме на терен. Нашите хигиеничари ја завршуваат работата на ЈП „Комунална хигиена“ на Град Скопје, денеска целиот град е хаос. Оваа локација нашите хигиеничари ја чистеле во утринските часови, но повторно е со смет. ЈП „Комунална хигиена“ ги исчистило дел од контејнерите, но сѐ околу контејнерите е оставено и мораме ние сами да завршуваме. Па, дури и дел од контејнерите коишто ги исчистиле ги оставиле сред булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Попратно видовме и дел од контејнери коишто се превртени и оставени така со смет. Сево ова нема да го дозволиме, нашите хигиеничари ќе бидат на терен во неколку смени“, рече Герасимовски.

Тој, повторно упати апел до градската власт навремено да си ги завршува своите обврски, и најави дека општината продолжува со чистење и во текот на денешниот ден.

]]>
Герасимовски: Општина Центар обезбеди дополнителна механизација за чистење на улиците и сметот, ги преземаме работите во наши раце https://arhiva.centar.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b1%d0%b5%d0%b4/ Wed, 24 Sep 2025 12:01:21 +0000 https://www.centar.gov.mk/?p=26400 Општина Центар веќе подолго време се соочува со хаос во хигиената поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“ кое е под надлежност на Град Скопје. Илјадници граѓани секојдневно сведочат на преполни контејнери и нечисти улици, иако одржувањето на јавната чистота е законска обврска на градските институции.

Во вакви услови, Општина Центар со сопствени капацитети и преку локалното јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ веќе со денови интервенира и ја презема работата што други ја запоставиле – собирање смет, миење и чистење на улиците.

Вчера, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски, потпишаа договор за изнајмување на дополнителна механизација и опрема. Овој договор значи значително засилување на теренските активности.

„Граѓаните на Центар не смеат да бидат заложници на нечија негрижа. Наша должност е да им обезбедиме чисти улици и достоинствено урбано живеење. Затоа обезбедивме дополнителна механизација за поефикасно справување со отпадот и одржување на јавната хигиена“, вели Герасимовски.

Со договорот се обезбедени следниве услуги и машини:

– Ѓубретарки со капацитет од минимум 18 м³ и 10 м³ за собирање и транспорт до депонија,

– Мала цистерна (0,5 м³) за перење на прометни површини,
– Специјализирана метларка со капацитет од минимум 1,5 м³,
– Изнајмување метални контејнери од 5 м³ на територија на Општина Центар,
– Возило-цистерна со капацитет од минимум 7 м³ за миење и перење улици,
– Возило-подигнувач за подигање и транспорт на метални контејнери,
– Машина за бележење на хоризонтална сигнализација.

Со ова зајакнување на капацитетите, Општина Центар покажува дека и во услови на институционална блокада, интересот на граѓаните е на прво место.

Герасимовски најави дека со новата механизација се почнува веднаш и дека ќе се ангажираат сериозни акции за чистење за да се спречи хаосот кој го создава Комунална хигиена и Градот Скопје.

]]>