МОЖНОСТИ И ПРИДОБИВКИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ГИС – ПОРТАЛОТ
Во насока на дигитализација на Општината, поставивме ГИС – портал и секоја година го надградуваме со модули корисни за граѓаните и стручната фела. Со оваа дигитална алатка граѓаните ќе имаат брз и лесен пристап до потребните информации и документи во училиштата и градинките на територијата на Општина Центар, пристап до изводи од ДУП, 3Д – снимки, зелен катастар, како и дигитален близнак со 3Д визуелизација (Digital Twin). Дополнително ќе се постават БИМ – фајлови и нови модули во областа на културата и туризмот што ќе бидат од интерес за граѓаните.
Општина Центар станува лидер во дигиталната трансформација на локалната самоуправа.
ПОНЕДЕЛНИК – ПЕТОК: од 08:00 до 16:00 часот
(Пауза од 11:30 до 12:00 часот)
АДРЕСА: ул. Михаил Цоков бр 1