Активности|

Денешното пладне го поминав во дружба со корисниците на Дневниот центар за лица со церебрална парализа, студентите од Европскиот Универзитет и учениците од ООУ „Киро Глигоров“.

На креативната работилница, заеднички создававме хартиени ракотворби, цртавме и боевме во убава претпразнична атмосфера. Како мал знак на внимание и љубов, тие добија и новогодишни пакетчиња.

Инклузивноста е клучна за градење на заедница во која сите ќе се поддржуваме и учиме едни од други. Само заеднички можеме да изградиме поубаво и похумано општество во кое секој ќе има можност да го изрази својот потенцијал без разлика на различностите.

 

Comments are closed.

Close Search Window