Активности|

Денеска имавме чест да им доделиме пофалници на тимот на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Центар, кои со својата посветеност, знаење и хуманост го освоија првото место на Регионалниот натпревар по прва помош на тема „Првата помош во училиштата“, кој се одржа на 17 мај во ООУ „Димитар Миладинов“.

Овие млади луѓе се вистински пример за тоа како изгледа инспиративната иднина, млади кои не чекаат некој да им каже што треба да направат, туку веќе знаат како да реагираат и да спасат живот. Во разговорот со нив видовме знаење, сигурност и, пред сè, добрина.

Им посакуваме многу успеси во иднина и уверуваме дека Општина Центар секогаш ќе биде тука да ги поддржува. Нашата соработка со Црвениот крст е силна и континуирана, заедно ќе продолжиме да реализираме проекти кои го подобруваат секојдневието на нашите сограѓани.

Comments are closed.

Close Search Window