По повод одбележувањето на Денот на словенските просветители, Светите Кирил и Методиј, на свечениот настан „Академско пладне“ кој се одржа во просториите на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, беа доделени пофалници и парични награди во износ од 30.000 денари на 15 одделенски и предметни наставници, како и стручни соработници од основните училишта во нашата општина.
Овие награди претставуваат признание за нивната исклучителна посветеност, професионалност и значаен придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации.
Имаме наставен кадар со кој навистина можеме да се гордееме. Посебна благодарност и до учениците кои со своите изведби го збогатија и возвеличија овој свечен чин, посветен токму на нивните наставници и педагози.












