Активности|

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ слави 189 години постоење, бројка која буди почит и восхит. Оваа значајна годишнина е сведоштво за долгорочната посветеност кон образованието, воспитувањето и развојот на генерации ученици.

Денес, по повод патрониот празник, учениците и наставниците уште еднаш покажаа зошто ова училиште е синоним за традиција и напредок. На „Саемот на игра и наука“ беа презентирани иновативни проекти од областа на роботиката, ЛЕГО конструкциите, новите технологии, грижата за македонскиот јазик, како и содржини што поттикнуваат вистински вредности и другарство.

Честитки до сите ученици, наставници и првенци за вложениот труд и ентузијазам.
Нека продолжи да се гради иднината врз темелите на знаењето, почитта и заедништвото.

Comments are closed.

Close Search Window